Со хороскоп до повисока плата

Никогаш не е едноставно да се побара покачување на платата. Но ако заслужувате повеќе, треба и да добиете повеќе. Само прашање е како ова да му го објасните на шефот.

so-horoskop-do-povisoka-plata-01.jpeg

Дозволете и` на астрологијата да ви помогне и видете како карактеристиките на вашиот знак може да ви донесат повеќе пари.

Овен: Надминувајте
Натпреварувачкиот дух ќе ви помогне да сфатите дека за да добиете повеќе, треба да работите повеќе. Прво откријте колку заработуваат другите во вашата професија, а потоа научете се` што можете во врска со конкретната работа што ја вршат за таа плата. Почнете да извршувате обврски вредни за повеќе пари и едноставно побарајте покачување со тој аргумент.

Бик: Волонтирајте
Секој би можел да го работи она што ќе му го кажат. Вие сфаќате дека вашата вистинска вредност за компанијата е фактот што знаете да сработите повеќе и подобро отколку што ви е побарано. Кога шефот ќе побара некој да остане подолго или да посети некој семинар, пријавете се веднаш. Кога ќе побарате покачување на платата, нема да има сомнеж дека навистина вложувате труд.

Близнаци: Шармирајте
Сите знаеме дека и на работа одлуките понекогаш се донесуваат врз база на емоции, а не на логика. Вам ви е лесно да ги шармирате колегите и да им се допаднете на претпоставените. Не заборавајте да работите, а кога ќе побарате покачување ќе го добиете бидејќи сте допадливи, забавни и оставате добар впечаток.

Рак: Негувајте
Каква и да е задачата, вие најмногу внимание им посветувате на луѓето со кои работите. Никогаш немојте да поставувате ултиматум кога барате повисока плата, туку само потсетете го шефот колку е важен личниот печат и грижата за соработниците и клиентите.

Лав: Заблескајте
Вие сте најдобри при привлекување погледи од публиката. Вашиот ентузијазам и слободниот пристап во комуникација со широк круг луѓе ве прави одличен претставник на фирмата. Кога зборувате во име на компанијата - бизнисот цвета. Истакнете ги овие карактеристики и сумата што ќе ја побрате за својата плата треба да ја поврзете со сумата што ја носите во компанијата.

Девица: Само прашајте
Веројатно тоа е се` што треба да направите. Девиците се чувствуваат самоуверени кога се подготвени, па затоа запишете ги сите причини поради кои заслужувате плата. Извежбајте го овој говор пред огледало и така самоуверено настапете пред шефот, тој сигурно нема да има приговори и ќе ви одобри покачување.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg