Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?

Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе оди да ги зема децата од училиште сѐ уште ќе биде најзгодниот маж таму, но на Анџелина не ѝ се допаѓаат овие планови. Зошто актерката планира да го влече разводот уште најмалку 4 години?

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-01.jpg

Разводот на Анџелина Џоли (48) и Бред Пит (60) веќе со години се провлекува низ судниците и важи за една од најдолгите бракоразводни парници во Холивуд, која трае веќе 8 години.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-02.jpg

Неодамна беше соопштено дека биолошката ќерка на Анџелина и Бред, Шајло (17) планира да ѝ го сврти грбот и да се пресели кај татко ѝ, а актерката има свои причини зошто планира уште неколку години да ги влече работите.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-03.jpg

Според дел од странските медиуми, Бред е подготвен да стави крај на бракот со Анџелина и да ги прифати нејзините барања за целосно старателство над децата, иако тоа не му се допаѓа.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-07.jpg

Тој сака да го продолжи животот со 30 години помладата девојка Инес де Рамон, особено откако таа го финализира разводот со поранешниот сопруг Пол Весли во март годинава.

„Тоа што Инес го финализира разводот од нејзиниот сопруг и се пресели кај Бред, за него е поттик што поскоро да стави крај на проблемите со Анџелина.

Тој сака да оди чекор понатаму со Инес, но не може затоа што технички сѐ уште е во брак со мајката на неговите деца“ – велат извори блиски до актерот.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-08.jpg

Наводно, дури и децата на парот веќе сакаат да се стави крај на судската битка, но Анџелина е таа што не сака ова поглавје во нејзиниот живот да заврши.

„Таа најверојатно ќе ја влече оваа битка за старателство сѐ додека нејзините 14-годишни близнаци не станат полнолетни, или уште 4 години“ – велат извори блиски до парот за светските медиуми.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-05_copy.jpg

Според пресметките на дел од странските медиуми, Бред досега потрошил околу 14 милиони на правната битка со поранешната сопруга и по сѐ изгледа и во иднина ќе треба да ги покрива судските трошоци, сѐ додека таа не одлучи дека треба да се откаже.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-06.jpg

Уште една од причините која би можела да ѝ пречи на Анџелина е тоа што тој најверојатно сака да добие уште едно дете со новата девојка.

„По сѐ што помина со неговите деца, Бред сака да почне од почеток и да создаде нови спомени. Свесен е дека веќе годините му одминуваат.

Дури се шегуваше дека кога ќе оди да ги зема децата од училиште на 70 години, сѐ уште ќе биде еден од најзгодните мажи“ – велат изворите.

zoshto-andjelina-ne-saka-da-se-razvede-od-bred-pit-otkako-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-10.jpg

Инаку, за потсетување, три од посвоените деца на Бред и Анџелина веќе се полнолетни и јавно кажаа дека немаат намера да го гледаат нивниот татко.

Само биолошката ќерка Шајло најави дека по нејзиниот 18-ти роденден во мај годинава планира да се пресели кај него.

Парот сега единствено води битка за старателството над двете најмали деца, односно близнаците Нокс и Вивиен.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg