Новата девојка која наводно го украде срцето на турскиот актер Џан Јаман – го заведе на снимање, беше Мис Италија

Џан Јаман е познат по тоа дека обожава Италијанки. Претходно беше во врска со најубавата спортска новинарка Дилета Леота која наводно го оставила поради неговата љубомора и посесивност. Која е неговата нова девојка?

novata-devojka-na-dzan-jaman-01.jpg

Поранешната мис Италија, убавата Франческа Чилеми се прослави со улогата на Виола Витале во популарната италијанска серија „Виола бојата на морето“.

Глумејќи ја главната улога таа стекна голема популарност, а успеа и да го освои срцето на најголемиот турски заводник Џан Јаман.

Родена во 1985, Франческа Чилеми моментално е една од најомилените италијански актерки.

Франческа Чилеми беше во врска со Стефано Росо, акционер на OTB Group со кого доби ќерка во 2016 година.

Но, по серијата во која глуми со заводникот Џан Јаман, на големо почна да се шпекулира дека тие се во врска и дека меѓу нив има многу повеќе од пријателство, иако тие ги демантираа овие гласини.

Сепак, гласините ги подгреа и нивното заедничко појавување на филмскиот фестивал во Венеција.

Наводно, нејзиното поранешно момче, Стефано, бил многу љубоморен на Џан Јаман и поради тоа се разделиле со Франческа.

После поранешната девојка Дилета Леота, пак, Јаман зборуваше дека сака девојка која е интересна и забавна, а ако не го привлекува мирисот на нејзината кожа, нема шанси да бидат во врска.

Јаман не сака жени кои се премногу гласни, ниту оние кои се однесуваат како маж, но не ги сака ниту оние кои се „мистериозни“ - со еден збор тој сака природни девојки.

По ова многумина почнаа да „шушкаат“ дека токму убавата Франческа е онаа вистинската за него.

Родена е во Италија, а својата кариера во светот на модата ја започнала многу одамна. Во 2003 година ја освоила титулата Мис Италија кога имала само 18 години, со што ја потврди својата убавина и харизма.

Франческа Чилеми освен по своите исклучителни актерски способности е препознатлива и по беспрекорниот стил, секогаш дотерана и во склад со најновите модни трендови.

Заедно со актерската кариера, таа има соработки со големи брендови, како Bulgari, Patrizia Pepe, Michael Kors и многу други.

Во продолжение неколку фотографии од убавата Франческа:

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“? Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg