Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола

Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доминираат вкусовите на рукола и песто...

vkusna-salata-so-kompiri-i-rukola-predlog-za-ruchek-so-malku-kalorii-01.jpg

Медитеранската салата е совршен оброк и преку лето, но и во секоја сезона. Состојките се лесно достапни, а се подготвува многу едноставно.

Потребни состојки:

  • 800g мали компири
  • 250g чери домати
  • 125g мини моцарела
  • 80g рукола
  • 2-3 лажици песто
  • малку масло 
  • 1 лажица балсамико

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 220 степени. 
  • Компирите убаво измијте ги, исушете ги и потоа пресечете ги на половина.
  • Ставете ги во длабок сад, посолете ги, додајте масло и ставете ги врз тава обложена со хартија за печење.
  • Печете околу 35-45 минути додека не станат крцкави.
  • Во меѓувреме пресечете ги на пола чери доматите и моцарелата.
  • Помешајте го пестото со 1 лажица маслиново масло и 1 лажица балсамико.
  • Изладените печени компири измешајте ги со доматите, моцарелата, руколата и преливот од песто.
  • Можете да ја послужите со двопек или леб со семиња.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салата што заменува оброк, идеална за летните денови Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистин...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg