Салата што заменува оброк, идеална за летните денови

Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистински хит ова лето. Дали би ја пробале?

salata-shto-zamenuva-obrok-idealna-za-letnite-denovi-01.jpg

Среде лето сигурно не сакате „тешки“ јадења кои се подготвуваат долго време, но и јадења од кои потоа ќе ви биде мачно на стомакот. Затоа ви препорачуваме салата со модар патлиџан која се прави лесно и брзо, а која заменува оброк.

Потребни состојки:

  • 3 модри патлиџани (не многу големи)
  • Малку маслиново масло
  • 1 среден домат
  • 50g мелени ореви
  • 3-4 лажици грчки јогурт (или павлака)
  • 1-2 чешниња лук
  • Китка магдонос (или по вкус)
  • Сол по вкус
  • 1 лажичка мелен хмељ

Начин на подготовка:

  • Измијте го модриот патлиџан, исечкајте го на тркалца и пржете го на маслиново масло додека да порумени.
  • Испржените парчиња модар патлиџан ставете ги врз хартија за раце за да го впие вишокот масло, па ставете ги во длабок сад.
  • Доматите исечкајте ги на коцкички. Ситно исечкајте ги и китката магдонос и лукот. Ставете ги во садот со модар патлиџан.
  • Додајте ги мелените ореви, хмељот и грчкиот јогурт, па посолете по вкус.
  • Убаво измешајте ги сите состојки за да добијат кремаста структура, па послужете ја салатата.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доми...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg