Црното вино во борба против рак на белите дробови

Најновата студија покажа дека црното вино, но не и белото, може да ја намали опасноста од рак на белите дробови на поранешните и сегашните пушачи.



Доктор Чун Чао тврди дека веројатноста кај пушачите кои пиеле најмалку една чаша црно вино на ден, е помала за 60% за заболување од рак на белите дробови отколку кај оние пушачи кои не козумирале.

Белото вино не го намалува ризикот, што значи дека организмот го штитат состојките од црното вино како што се ресвератрол и флавоноид.


vina Различните резултати од студијата:

Студиите кои го испитувале односот помеѓу рак на белите дробови и конзумирањето на алкохол, имале различни резултати.

Во тие истражувања биле вклучени 84.170 машки лица на возраст од 45 до 69 години. Во периодот помеѓу 2000 - 2006 година, од рак на белите дробови заболеле 210 соработници на студијата.

Како варијабли биле земани возраста, образованието, приходите, изложеноста на пасивно пушење и слично. Истражувчите потврдиле дека опасноста од заболување на оваа болест се намалува со конзумирање на црно вино, а уште 2 % помалку со секоја додатна чашка на црно вино во месецот.

За оние кои биле страствени пушачи, виното го намалува ризикот уште повеќе, односно 4% на една чаша вино.

Доколку се решите на оваа превентивност, не заборавајте – алкохол до 19 часот!

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Паркинсонова болест - симптоми, лекување и како да живеете со неа? Знаци на Паркинсонова болест се обично вкочанетост и побавни движења, а состојба...
Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Проблеми со здравјето кои некогаш го отежнуваат слабеењето Синдромот на полицистични јајници, како и хроничниот стрес можат да бидат причин...
Како да се заштитите и разладите за време на топлотен бран? Знаевте ли дека лутата храна може да ви помогне да се разладите? Како да ги преж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg