6 начини како ова лето да го избегнете касањето од комарци
Прекрасниот летен ден најлесно може да ви биде уништен со само едно касање од комарецот. После тоа следува чешање, болка, па пак чешање и така со часови, денови...
Ако сте уверени дека вашата крв е послатка од на луѓето во ваша околина, ви предлагаме да ги почитувате овие совети за да се заштитите:
1. Бирајте средства против комарци без хемикалии
Тоа е најлесен начин да се одбраните од комарците кога се најактивни. Наместо да прскате хемикалии, послужете се со масло од лимон и еукалиптус.
2. Останете дома на зајдисонце, тогаш комарците најмногу гризат
Комарците се најактивни кога сонцето заоѓа или рано наутро, кога изгрева. Тогаш влажноста на воздухот е посебно висока, а температурата пониска, што е идеален услов за да нападнат.
3. Ослободете се од застојаната вода
Комарците се размножуваат и собираат во близина на застојана вода, така што често чистете ги ризичните места како базени, фонтани или вирови настанати од дожв.
4. Носете бела облека
Комарците се привлечени од темни бои, затоа што тоа им помага да ги лоцираат метите. Најпаметно ви е ова лето да носите бели и пастелни бои за да го намалите ризикот.
5. Размислете за парфемот кој го користите
Сигурно е убаво да мирисате како роза, но тоа би можело да ви донесе многу убоди. Комарците го обожаваат цветниот мирис, па затоа најдобро одберете парфем кој нема цветни, туку цитрусни ноти.
6. Не пијте пиво
Потврдено е дека комарците повеќе сакаат луѓе кои пијат пиво, отколку вода. Затоа, размислете што ќе наточите.