За три дена два килограми помалку
Поминаа празниците, па да се вратиме во форма. Диетата се држи само три дена и за тоа време треба да се ослаби два килограми.
Во текот на оваа диета секојдневно треба да се пие по 1 – 1,5 литри свеж домашен кефир, без додаток на шеќер и тоа 5 – 6 пати дневно.
Интервалите помеѓу земањето на кефирот би требало да бидат исти.
Појадок:
Предлог1 : кајгана од 2 јајца, салата од помала краставица, кафе со лажиче млеко.
Предлог2 : Гриз/палента и кисело млеко.
Предлог 3 : Јајце, тост со путер, чај со мед.
Ужина: 3 dl домашен кефир
Ручек:
Предлог1 : Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо (100 грама), салата од цвекло, парче леб.
Предлог2 : Чорба од печурки, паприкаш (3 dl) и салата од свежа зелка.
Ужина: 3 dl домашен кефир
Вечера:
Предлог1 : Риба на скара (150 g), зелена салата и чај од билки.
Предлог2 : Поголем печен компир, чај со мед.
Би можело да ве интересира:





