Како со пролетните алергии?

Во почетокот на пролетта, коа се буди сета природа и цветаат пролетните булки, за многу луѓе започнува ноќната мора поврзана со пролетните алергии.

 

Почетната сезона им е во март, додека поленските алергии знаат да траат и до септември. Најчестите симптоми се кивање, кашлање, црвенило во очите, умор и раздразнетост.

Бројот на луѓето кои се алергични се зголемува се повеќе, а овој растеж е тесно поврзан со продолженото цветање на тревата и цвеќињата од глобалното затоплување.

Исто така загадениот воздух и околината допринесуваат во слабеењето на имунитетот на организмот. Од овие алергииkako-so-proletnite-alergii1 жените заболуваат повеќе од мажите, и тоа на возраст од 25 до 35 години.

Склоноста кон алергиите е и наследна, доколку еден или двајцата родители имаат проблеми со пролетните алергии, веројатноста дека и вие ќе  наследите  некоја алергија е за 75% поголема.

Некој магичен лек против алергиите нема, но симптомите можат да се ублажат. Експертите советуваат дека со комбинирање на соодветна терапија и антиалергиски лекови, може да се намалат симптомите и алергиите.

Исто така, научниците препорачуваат поголема хигиена, често перење на постелнината, туширање и миење на косата бидејќи поленот највеќе се собира на косата и облеката.

Влагата и мувлата некогаш можат да ги зголемат симптомите на алергијата или алергиската астма, па се препорачува често проветрување на просториите и одржување на хигиената и во тоалетите.

Би можело да ве интересира:

„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален цик...
3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Ист...
Кои проблеми со здравјето предизвикуваат отекување на нозете и стапалата? Длабоката венска тромбоза, но и проблемите со срцето можат да предизвикаат отоци...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg