Што кријат стероидите?

sto-krijat-steroidite-povekjeНајновите истражувања покажуваат дека младите се почесто користат стероиди, трудејќи се што е можно побрзо да дојдат до совршено развиено тело. Но, освен...

 

...што се илегални, зад стероидите се кријат уште многу опасности.

Што се стероидите?

Хормони кои постојат во повеќе различни видови, но кога се зборува за стероиди кои се земаат при вежбање, со цел телото да се развива побргу, најчесто тоа се анаболички стероиди.
Тие делуваат како машкиот хормон тестостерон и помагаат во развивање на мускулното ткиво.

Зошто младите ги користат сè почесто?

Најчести се 2 причини. Прво, затоа што мислат дека со помош на стероидите ќе дојдат до подобри резултати во спортот.sto-krijat-steroidite1
Меѓутоа, освен што помагаат за зголемување на мускулната маса, се покажало дека нивното долготрајно користење ја намалуваат подвижноста и брзината на регирање на мускулите.

Втора причина е медиумскиот притисок.
Постојано на филмовите и рекламите шегледаме мажи со совршено обликувани тела, плочки на стомакот и развиен граден кош.
Пред 30 или 40 години најголем дел од мажите немале вакви тела, а денес се наметнува мислење дека сите мораат да бидат развиени во спротивно не ги привлекуваат жените.

Негативни последици

Развивање машки гради, прерана ќелавост, драстични промени во расположението, агресивност, параноја, Алцхајмерова болест...а најпогоден орган е јетрата. Човековото тело природно произведува доволна количина на хормони и било каква зголемена доза, може да предизвика пореметување на организмот

Веднаш или подоцна

Иако стероидите влијаат на организмот брзо по конзумирањето, многу негативни појави се видливи после неколку години користење.
Ова е една од причините зошто многу млади луѓе не веруваат во негативните приказни за стероидите и велат “ Јас земам и не ми е ништо“.
Меѓутоа, исто како што пушењето е тивок убиец и го уништува организмот, иста е и ситуацијата со стероидите.

sto-krijat-steroidite2Најпопуларни стероиди

Метан - 100 таблети чинат околу 20 до 30 евра, количина која е доволна за почетни резултати. Како најевтин е и еден од најопасните.

Опасности од продажба “на црно“

Иако се илегални многу лесно може да се набават. Обично продавачите тврдат дека се работи за проверена “роба“ од која нема да ви биде “баш ништо“.
Во Панама стотина луѓе умреле поради користење стероиди во кои глицеринот, кој е поскап, бил заменет со друга состојка, која е значајно поевтина, но имала отровни својства.

Би можело да ве интересира:

Цисти на јајници: Симптоми и начини на лекување - дали влијаат врз забременувањето и кога е потребна... Силна болка во стомакот и грбот, подуеност, брзо и плитко дишење, зачестено мокр...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...
11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога) Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрац...
Анална фисура - што ја предизвикува и како се лечи оваа непријатна состојба? За отстранување на фисурата потребна е операција, но постојат начини со кои може...
Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете? Депресијата е нарушување кое предизвикува чувства на очај, тага и безнадежност и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg