Вие прашувате, психолог одговара: „Не ми е пријатно кога сум помеѓу луѓе - мислам дека ќе кажам нешто глупаво“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-ne-mi-e-prijatno-koga-sum-pomegju-lugje-mislam-deka-kje-kazham-neshto-glupavo-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Не се чувствувам пријатно кога сум помеѓу луѓе и во гужва. Имам чувство дека треба да се истакнам, дека сите во мене гледаат, дека ќе кажам нешто глупаво.

Затоа, најчесто сакам да бидам сама. Како да си помогнам?“

Одговор од психолог, Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ:

Почитувана, ако вашето чувство кога сте во присуство на други луѓе значајно се разликува од чувството што го имате кога сте сами, секако е исцрпувачко за извршување на вашите секојдневни обврски.

Со терапевт секако би ги разработиле следниве прашања кои ќе бидат значајни за вас: Од кога ја чувствувате оваа промена? Која тема во разговорот посебно ве вознемирува? Што е она што во тој момент го чувствувате, мислите, правите? Што досега сте презеле за намалување на непријатноста? Како мислите дека ве гледаат другите луѓе додека зборувате нешто?

Работата со терапевт би помогнала во олеснување и подобрување на социјалните вештини, во изнаоѓање на вашите резилиентни снаги за справување со оваа ситуација.

Од големо значење е да се увиди реалноста, точноста и функционалноста на мислите што ви се јавуваат.

Како техники за самопомош корисни се техниките за опсервација на ситуациите во кои чувствувате страв и непријатност, техники за релаксација и техники за дишење, а во соработка со стручно лице постепено ќе се изложувате на дадената ситуација и ќе ги јакнете вашите сили за справување.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“ „Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекад...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg