Водич за трудници: Листа со 30 неопходни работи што треба да ги купите за вашето новороденче

Листа на работи што ќе ви требаат во детската (спалната) соба, за бањање и за доење. Оваа листа може да ви биде одличен потсетник ако набрзо станувате родители, а не знаете што треба да купите за новиот член во семејството.

lista-na-neophodni-raboti-shto-treba-da-gi-kupite-za-vasheto-novorodenche-01.jpg

Доаѓа најубавиот период во вашиот живот. Припрема за вашето новороденче кое секој момент ќе дојде во вашиот живот.  

Вашиот стан е мал, па немате доволно место за се што мислите дека ви треба? Или пак вашиот буџет е ограничен? Не паничете. Не мора сè да биде купено сега и веднаш.

Во прилог некои основни работи кои се потребни да ги имате во вашето катче:

Опрема за во домот

  • Креветче за бебе;
  • Бебешки душек;
  • Најмалку 2 бебешки постелнини – со резерва чаршаф на ластик;
  • Вреќичка за спиење  или (ќебенце, јорганче);
  • Подлога за пресоблекување;
  • Подлоги за еднократна употреба (кои може да се најдат во сите подоброснабдени аптеки);
  • Навлажнувач на воздух; 
  • Количка за бебе;
  • Транспортер (пожелно е да го имате во првите месеци);
  • Релаксатор или подлога за играње (ова е нешто кое ќе ви користи кога вашето бебе веќе ќе наврши 2+ месеци);
  • Ноќно светло и музика за заспивање ( англ. white noise или класична музика одговара за смирување и полесно заспивање на вашето бебе);
  • Бебе монитор;
  • Фиоки или шкафче за облека;
  • Кенгур или марама ( корисна особено бидејќи ќе може да работите по дома, заедно со вашето бебе).

Lista-na-neophodni-raboti-koi-treba-da-gi-kupite-za-vaseto-novorodence -02.jpg

Опрема за бањање

  • Кадичка (корито);
  • Термометар;
  • Пешкир или бањарка;
  • Грејно тело во тоалетот доколку немате парно греење.

Lista-na-neophodni-raboti-koi-treba-da-gi-kupite-za-vaseto-novorodence -03.jpg

Доење

  • Градник за доење;
  • Пижами за доење (особено ќе ви го олеснат доењето во текот на ноќта);
  • Прекривка за доење (пожелна за вашите прошетки кога ќе треба да го надоите вашето дете во јавност);
  • Пумпа за одмолзување (пазарот изобилува со различни цени за оваа пумпа, каква и да земете, сигурно нема да згрешите и ќе ви биде од полза);
  • Сад за складирање на млеко (или ќесички за еднократна употреба кои може да бидат складирани до 24 часа во фрижидер);
  • Стерилизатор;
  • Шишиња и резерва цуцли (доколку давате формула за бебе, пожелно е да имате повеќе од едно шише за дохрана);
  • Четка за миење на шишиња.

Lista-na-neophodni-raboti-koi-treba-da-gi-kupite-za-vaseto-novorodence -04.jpg

Дополнителни аксесоари

  • Топломер;
  • Термофор за стомаче;
  • Цуцли (За почеток земете една цуцла за да видите како ќе биде прифатена од страна на бебето);
  • Глодалки/тропалки ( овие играчки детето почнува да ги користи од 2+ месеци).

 lista-na-neophodni-raboti-shto-treba-da-gi-kupite-za-vasheto-novorodenche-20.jpg.jpg

Не мора да избрзувате со купување на сите работи, одвојте скромна листа на нешта кои може да ви бидат и подарени од најблиските роднини и пријатели.

Секако секој од нив ќе ве праша што ви е потребно.

Прочитајте и Список на облека што навистина ќе ви треба во првите месеци од раѓањето на вашето бебе

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело/

фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg