Не знаете што да подарите за прв роденден? 6 идеи за кои родителите ќе ви бидат благодарни

Можеби „подарокот во плик“ ви се чини како најлесно решение, сепак ако сте од оние што сакаат да однесат вистински подарок, тогаш овие предлози ќе ви бидат од корист. На оваа листа можете да најдете корисни подароци и по цена од само 100 денари, но и поскапи.

Pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite-01.jpg

Првиот роденден е денот на кој мама и тато се најсреќни, а нивното бебе секако нема да го запомни. И да, поприлично е тежок изборот на подарок за првиот роденден, особено доколку знаете дека денешните мајки и татки генерално ги имаат сите работи кои им се неопходни за функционирање.

Иако „подарокот во плик“ е најлесно решение за секого, сепак во прилог погледнете неколку предлози за корисни подароци кои може да ги подарите.

За почеток, може да ги консултирате родителите дали нешто им е потребно, како би можеле да набавите корисен и користен подарок во иднина, но и за да се информирате дали веќе „најавил“ дека ќе им купи таков подарок.

Проодувалка

Детските проодувалки се истовремено забавни, со многу мелодии и функции, а истовремено помагаат за полесно проодување на детето.

Ортопедите ги сметаат за посоодветни од дубаците, иако мислењата на оваа тема се поделени.

На нашиот пазар може да најдете проодувалки по цена од 1.500 па до 5.000 денари.

Pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite-03.jpg

Детски оградици

За ваков подарок родителите ќе ви бидат бескрајно благодарни, затоа што ќе им помогнете да обезбедат катче за детето во кое ќе има свој простор за игра.

Овие оградици воедно се и корисни на пример додека мајката подготвува ручек или работи нешто по дома.

Играчките се складираат во него, а детето ќе си има свое лично царство. Кај нас во продавниците може да ги најдете од 3.000 – 6.000 денари.

pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite-11.jpg

Магичен шатор

Модерни, шарени, адаптирани за секоја возраст. Простор кој детето ќе го користи до поголема возраст.

Може да ги набавите од 1.000 – 3.000 денари

Pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite-04.jpg

Меки сликовници и звучни шарени книги адаптирани за возраста

Овие книги ја развиваат имагинацијата на детето, а на нашиот пазар ги има во адаптации за секоја возраст.

Може да се купат по цени почнувајќи од 100 денари.

pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite-12.jpg

Гумени коцки

Гумените коцки се идеален подарок за оваа возраст со оглед на тоа што се претежно со поголема големина од обичните коцки, а и нема опасност за детето од повредување.

Нивната цена е од 500 – 1.500 денари зависно од изборот.

pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite-13.jpg

Трицикл

Ова е малку поскап подарок на кој мама и тато ќе бидат благодарни, особено доколку детето веќе не сака да користи количка за неговите прошетки.

Овие трицикли доаѓаат со повеќе функции па така сигурно ќе биде користен со години.

Погодни се за деца на возраст од 6 до 36 месеци со тежина до 25 килограми. 

Цените започнуваат од 3.000 денари, па нагоре.

Pokaneti-ste-na-prv-rodenden-a-ne-znaete-sto-da-kupite.jpg

М.У.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg