9 работи кои вашиот брат/сестра би ги направиле за вас (без размислување)

Би ве прифатиле такви какви што сте, без оглед каков е ставот на светот во врска со тоа – секогаш се горди на вас и ви ги прифаќаат маните.

9-raboti-koi-vashiot-brat-sestra-bi-gi-napravile-za-vas-bez-razmisluvanje-01.jpg

Да се има брат или сестра е најголемото богатство на светот и тие што имаат се свесни за тоа.

Вашите брат/сестра би направиле многу работи за вас, знаете и самите.

Тие...

1. Би се смееле со вас до истоштување, дури и на најглупавите шеги и најнерационални потези кои ќе ги кажете и направите.

2. Би ве исмевале, но не со лоша намера, туку да ве истуркаат од комфор зоната и да ви помогнат да ја извадите најдобрата верзија од себе (знаат дека можете).

3. Би ве прифатиле такви какви што сте, без оглед каков е ставот на светот во врска со тоа – секогаш се горди на вас и ви ги прифаќаат маните.

9-raboti-koi-vashiot-brat-sestra-bi-gi-napravile-za-vas-bez-razmisluvanje-02.jpg

4. Би ви ги понудиле најдобрите и најлошите совети, но секогаш со најдобрата мисла – на вас останува мудро да бирате.

5. Би ве заштитиле од сè и сите доколку ја имаат моќта за тоа – никој и ништо не смее да ве растажи, да можат би ги спречиле и кошмарите кои ви доаѓаат на сон.

6. Би лажеле за вас, дури и кога не сакаат, само за да ве заштитат – никогаш не би сакале да ве видат вознемирени и во име на тоа би оделе дури и спротивно од своите морални начела.

9-raboti-koi-vashiot-brat-sestra-bi-gi-napravile-za-vas-bez-razmisluvanje-03.jpg

7. Би ве терале да учите од нивните грешки, наместо од своите – повеќе ги боли вие да страдате, отколку тие самите.

8. Би ве заштитувале од родителите, не би ве кажувале кога нешто погрешно ќе направите – иако ви се закануваат со тоа за ваше добро.

9. Би ве сакале безусловно како ретко кој на светот – би ве критикувале јавно, но за вас срцето од градите би го дале.

Прочитајте и 20 знаци дека имате другарка, која ви е сестра по душа

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg