„Го дојам синот на сестра ми бидејќи таа нема млеко – луѓето ме критикуваат, но јас сметам дека е природно“

„Зошто да не измолзи млеко, па нека ѝ даде на мајката да го храни“ - Откако инфлуенсерка сподели дека го дои синот на нејзината сестра, бројни Инстаграм корисници ја нападнаа бидејќи било „чудно да дои туѓо дете“. Но, таа смета дека е сосема нормално да помогне кога сестра ѝ нема доволно млеко.

go-dojam-sinot-na-sestra-mi-bidejkji-taa-nema-mleko-lugjeto-me-kritikuvaat-no-jas-smetam-deka-e-prirodno-01.jpg

Кога станува збор за доење, јавноста има многу поделени мислења. Некои сметаат дека доењето во јавност не треба да претставува табу, додека некои воопшто не се согласуваат со ова.

Некои мислат дека мајката има право да одлучи дали ќе го дои детето, а други се убедени дека не смее ни да помисли да го храни со бебешка формула ако има доволно млеко.

Сега, пак, една жена повторно го подели мислењето на јавноста во врска со доењето, откако откри дека го дои синот на нејзината сестра.

Џанел Мекалун е мајка на четири деца која решила да ѝ помогне на сестра ѝ Лиса.

View this post on Instagram

A post shared by Janelle McAloon | Nellesworld (@janellemcaloon)

Лиса има три деца, од кои најмалото уште е доенче. Но, периодов Лиса забележала дека нема доволно млеко за да го храни бебето.

View this post on Instagram

A post shared by Lisa McAloon (@lisa.mcaloon)

Кога сестра ѝ Џанел дознала за ова, ѝ предложила таа да го дои.

Џанел сподели и видео на Инстаграм во кое Лиса ѝ го подава бебето, по што таа почнува да го дои.

На видеото има натпис: „Кога сестра ти има малку млеко, но ти си како човечка крава“. Во описот, пак, Џанел напишала: „Сè за мојот внук“. 

Видеото брзо се прослави, но според коментарите не секој ја оправдува оваа одлука:

„Те сакам како личност и имаш слатко семејство, но не знам како да се чувствувам за ова“.

„Мислам дека е чудно бидејќи го дои внукот. Зошто да не измолзи млеко, па нека ѝ даде на мајката да го храни“.

„Некои работи не треба да се кажуваат во јавност“.

„Јас не би го направила ова. Би измолзила млеко за детето на сестра ми, но нема јас да го дојам“.

Сепак, дел од следбениците истакнуваат дека низ историјата во сите култури, многу жени доеле туѓи деца кога нивните мајки немале доволно млеко.

Некои го споделуваат и нивното слично искуство:

„Ова е прекрасно! Кога ја родив ќерка ми, доев уште две други бебиња. Едното беше на член од семејството, а другото беше оставено од мајка му и сиропиталиштето не можеше да купи бебешка формула.

Сигурно немаше да го оставам да гладува кога имав доволно млеко за три бебиња“.

„Јас го правам истото за сестра ми“.

„Тажно е колку се неедуциран луѓето за доењето! Ова е прекрасно. Донирањето мајчино млеко не треба да биде табу. Тоа природно и неопходно за бебињата да преживеат“.

„Многу ваши предци биле хранети токму на овој начин“.

По бројните коментари, Џанел реши да ја  одбрани одлуката да го дои внукот со видео на Инстаграм Стори:

„Сестра ми заврши со доење, а тој уште беше гладен. Сакаше уште млекото, сестра ми немаше, па ѝ реков: ’Дај ми го, јас ќе го нахранам‘.

Не го дојам секој ден, но ќе ѝ помогнам и знам дека таа ќе го направи истото за мене. Не треба да им биде чудно на луѓето. Ова е буквално само млеко, храна за бебето“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Мајката е мајка цел живот - дури и кога „детето“ ќе ѝ наполни 40 години Иако не мора, мајката ѝ купува соленки на нејзината 34-годишна ќерка кога оди во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg