„Детето нема да го сака училиштето ако за наставничката велите дека е глупава“ и уште 9 златни заповеди за родители

Навистина, не е лесно да се биде родител. Породување, доење, исхрана, болести... Со сета убавина која ни ја носи тој нов плод на љубовта, доаѓа и одговорноста. Но, добрите деца не се раѓаат. Добрите деца ги воспитуваат добри родители.

Ne-barajte-od-deteto-da-go-saka-uchilishteto-dodeka-za-nastavnichkata-zboruvate-deka-e-glupava-i-neobrazovana-10-zlatni-zapovedi-za-roditeli 01 630x330.jpg

Иако вистинскиот рецепт за добар родител не постои, врз основа на различни истражувања врз долгогодишни искуства издвоивме 10 родителски заповеди кои ако ништо друго, ќе ви помогнат да не бидете родители кои прават едно, мислат друго, и очекуваат сосема трето од нивните деца.

10 златни заповеди кои секој одговорен родител треба да ги почитува:

1. „Не спречувајте го детето да поминува време на мобилниот телефон, кога самите вие цел ден 'зјапате' во него“.

2. „Не инсистирајте детето да оди на три тренинзи, додека вие со часови седите пред телевизор“.

3. „Не ставајте здрава храна пред вашето дете додека се 'давите' во пици и чоколади, со задолжителната цигара после оброк“.

4. „Не го опоменувајте вашето дете да чита книги, кога последната книга што сте ја прочитале била Малиот принц во основно училиште“.

5. „Не очекувајте вашето дете да биде мирно, присебно и добро воспитано, додека вам ви е дозволено да викате, кршите и пцуете“.

Ne-barajte-od-deteto-da-go-saka-uchilishteto-dodeka-za-nastavnichkata-zboruvate-deka-e-glupava-i-neobrazovana-10-zlatni-zapovedi-za-roditeli 02 630x400.jpg

6. „Не му купувајте чистокрвно куче на вашето дете, додека ги шутирате и плукате оние на улица“.

7. „Не барајте детето да го сака и почитува училиштето, додека вие зборувате за наставникот дека е глупав, арогантен или необразован“.

8. „Не бидете премногу зафатени за вашето дете, а притоа лежерно расположени за фудбал, маникир или кафуле“.

9. „Не настојувајте детето да биде одговорно, а вие да заборавите да го земете од училиште, да платите екскурзија или да дојдете на неговата претстава“.

10. „Не бидете сурови кон вашите родители, а потоа да барате од вашите деца да ве почитуваат“.

И никогаш, ама буквално никогаш не заборавајте дека децата се огледало на своите родители. Релчиси сè што им прекорувате, тие го виделе од вас!

Експертите тврдат дека до 7-годишна возраст, детето ги усвојува вредностите и однесувањето на неговата околина. 

Затоа, од исклучителна важност е да се однесуваме онака како што сакаме нашите деца да се однесуваат уште од најраниот период на нивното растење.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg