Како да израснете среќно и задоволно дете?

Се прашувате како да воспитате задоволно и среќно дете? Понекогаш, кога сите обиди ви се чинат неуспешни, потсетете се на она што ќе го прочитате во продолжение.

ova-e-tajnata-za-vospituvanje-na-srekni-deca-01

Децата кои имаат грижливи мајки се попаметни за најмалку 10 % од децата чии мајки не се грижат за нивното секојдневие.

Едно истражување докажало дека децата од предучилишна возраст кои имаат грижливи мајки полни поддршка, имаат поголем хипокампус (дел од мозокот кој се соочува со стресот и меморијата) за разлика од дечињата кои спаѓаат во другата група.

Љубовта од таткото исто така е уште еден важен фактор. Многу истражувања до сега докажале дека љубовта од таткото е попотребна во 90% од случаите, за разлика од мајката.

Се прашувате како да бидете ефективни родители?

  • Слушајте ги вашите деца
  • Изградете блиска врска со нив
  • Договорете се за правилата кои ќе ги следите заедно со вашето дете
  • Дозволете му поголема слобода кога и да можете

Доколку  децата се почувствуваат запоставено или отфрлено, поголеми се шансите тие да прераснат во агресивни и емотивно нестабилни индивидуи.

Запаметете, вашиот приход и работа никако не смее да влијаат на семејните врски.

Но, и вашата лична среќа е важна. Понекогаш, дозволете си забавен филм, вечера со пријателите или дозволете си неколку часовен тренинг.

Важноста на оптимизмот

Научете го детето дека чашата е секогаш полу полна. Децата кои учат да бидат оптимисти од 10 до 12 години се секогаш двојно помалку депресивни за време на пубертетот.

kako-da-izraznete-srekno-i-zadovolno-dete-1

Израснете дете кое ќе вложува напор

Децата кои во раните години се потпираат на интелигенцијата имаат поголеми шанси за неуспех, за разлика од оние кои се научени да вложуваат напор.

Фразата „Ти си најпаметен!“ заменете ја со „Напорно работеше. Се гордеам со тебе!“

Децата се посилни отколку што мислевте

Дури 80 % од децата чии родители се раздвоени или разведени, не подлегнуваат на психолошки проблеми.

Децата чии родители и понатаму комуницираат и имаат стабилна врска, имаат исти шанси за успех како и оние кои живеат со двајца родители.

Овозможете им исполнет живот

Дури и 8-годишните дечиња сакаат кога нивниот живот има вредност.

Дозволете им да се дружат со пријателите по училиштето, волонтирајте заедно со нив, планирајте некој важен настан или зачленете ги во спортски тим.

Охрабрете ги

Научете дека среќата се крие во малите нешта. Заедничката прошетка, искрениот комплимент или времето поминато со драг член од семејството значи богатство за дечињата од предучилишна возраст.

Децата кои живеат во модерниот свет имаат 8 часа помалку слободно време, отколку децата пред 20 години.

Затоа, помогнете им да ја развиваат креативноста, емотивната сила и социјални вештини.

Поттикнете ги да бидат физички активни

Натпреварувачкиот дух на играта е тајната за успех. Докажано е дека браќата и сестри на блиска возраст се во постојан натпревар, а токму поради тоа се двојно поуспешни од децата кои го немаат тоа чувство.

ova-e-tajnata-za-vospituvanje-na-srekni-deca-03

Во кои земји децата се најсреќни?

1. Мексико

2. Шпанија

3. Бразил

4. Германија

5. Сад

А, на дното на листата се наоѓаат:

14. Jапонија

15. Полска

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg