Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 места со шарена приказна

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-povekjeСивите и тмурните фасади се составен дел од голем број градови низ светот. Но, сепак, постојат места кои на прв поглед ќе ве воодушеват со своите...


...разиграни и шарени фасади.

1. Бурано, Италија. Малиот остров покрај својата „поголема сестра“ – Венеција, најчесто останува занемарен, но секако треба да го посетите. Куќички со шарени бои се негов заштитен знак.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-1

2. Буенос Аирес, Аргентина. Во градскиот кварт Ла Бока преовладуваат раскошни бои. За квартот да стане попривлечен и убав пред 50 години фасадите биле обоени во различни бои. Денес ова е најпосетуван дел од сите туристи.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-2

3. Кејп Таун, Јужноафриканска Република. Муслиманскиот кварт Бо-Каап не е само шарен и весел, туку е посебен и по своите улици полни со џамии. Вистинска шарена авантура.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-3

4. Чефчауен, Мароко. Мароканското сино гратче се наоѓа меѓу две брда, а муслиманите од Андалузија во 15тиот век го збогатиле овој град со препознатлива естетика и боите на својата земја. Сината и белата боја прават вистинско визуелно доживување.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-4

5. Копенхаген, Данска. Nyhavn можеби во превод значи ново пристаниште, но овде сепак станува збор за старо пристаниште. Шарените куќи некогаш криеле раскалашени крчми и студија за тетовирање, а денес овде се сместени туристички кафулиња и ресторани.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-5

6. Тобермори, Шкотска. Главното место на островот Мулл е карактеристични по своето мало пристаниште окружено со шарени куќички. Туристите ги привлекува и вискито кое се произведува во ова место.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-6

7. Манарола, Италија. Се чини дека италијаните сакаат шарено. Малото село Манарола е изградено на стрмна карпа во морето, а положбата, шарените куќички нанижани една покрај друга и бројните винови лози над нив – се вистинска туристичка атракција.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-7

8. Санторини, Грција. Туристите ги освојува на прв поглед. Не само заради неверојатната локација, преубавата клима туку и впечатливата архитектура во сина и бела боја.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-8

9. Гуанахуато, Мексико. Некогаш најбогат град на Мексико, познат е по своите тесни улички кои се вистински шарен лавиринт.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-9

10. Берген, Норвешка. Стариот градски кварт е под заштита на УНЕСКО. Овде се сместени 62 градби од средината на средниот век кои се направени од дрво и претставуваат слика на некогашниот изглед на градот.

10-mesta-so-raskosna-sarena-prikazna-10

Би можело да ве интересира:

Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Дестинации на Балканот што секој мора да ги посети (барем еднаш) Познат како „бисер на Јадранот“, Дубровник е препознатлив по добро сочуваните ср...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg