Red Light District - Амстердам

red-light-district-amsterdam-povekjeАко планирате да го посетите Амстердам, еден од најзабавните градови на светот, едно место задолжително мора да го посетите, а тоа е познатиот крај Red Light District.

 

Red Light District датира од 14-ти век кога морнарите доаѓале да бараат женска придружба. Оваа област е сместена во најстариот дел од градот, и е најраздвижена во доцните ноќни часови иако има посетители во текот на целиот ден.

red-light-district-amsterdam-1

Како што паѓа ноќта во Амстердам, така улиците почнуваат да ја добиваат својата флуоресцентна светлина.

red-light-district-amsterdam-2

Red Light District е областа со бордели, геј барови, кина, хотели, разни музеи, кофи шопови и секако околу 250-те познати излози со атрактивни девојки во секси облека кои ве повикуваат да ги посетите.

red-light-district-amsterdam-3

Red Light District е најпозната токму по девојките зад црвените стакла. Овој бизнис е легален во земјата и затоа има и многу девојки од странски земји кои доаѓаат да работат овде. Оваа област е сигурна за овие девојки како и за нивните клиенти.

red-light-district-amsterdam-4

Безбедноста е на највисоко ниво затоа што Амстердам има интерес во одржување проституцијата. Како таков привлекува голем број туристи од целиот свет.

red-light-district-amsterdam-7

Ѕвезди на Red Light District се најчесто девојки од источно – европските земји – чехињи, полјакињи и украинки. На второ место се азијатките, а на трето место црнките од Франција и Африка.

red-light-district-amsterdam-5

Варијациите меѓу нив се бројни – од слаби и згодни, па се до дебели со по 100kg. Високи, ниски, русокоси, црни... а, така и варира нивната цена.

red-light-district-amsterdam-6

Најдобрите девојки постигнуваат цена и до 300 евра, но постојат и постари жени кои имаат пониска и подостапна цена. Цената зависи и од собата каде ги примаат муштериите, која најчесто е над излогот во кој сте ја виделе.

red-light-district-amsterdam-8

Овие жени се заштитени со законот на Холандија, и оваа традиција постои од 14-ти век кога е и донесен законот за легализација на проституцијата.

Овој закон бил воведен со две причини: најпрво да се заштитат жените и ќерките од морнарите на пристаништата, а потоа и за да се привлечат повеќе бродови што би довело до пораст на трговијата во земјата.

Би можело да ве интересира:

Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...
Кога се пакувате за одмор: Што да спакувате во рачен багаж, а што во куфер? Што да спакувате во рачниот багаж, а што во куферот? Оваа листа ќе ви се најде д...
Највкусната улична храна низ Европа (што треба да ја пробате) Палачинки во Франција, трделник во Чешка и, секако, бурек во Македонија – која в...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Виолинистката Ева Богоевска бремена на одмор на Малдиви: „Не ми беше сеедно кога ме допираа ајкули“ „Морам да признаам дека воопшто не ми беше сеедно кога чувствував како ајкулите ...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg