Хотели со специфична приказна

hoteli-so-specificna-prikazna-povekjeВи претставуваме топ листа на пет хотели сместени во различни делови на светот, а секој од нив на посебен начин е трајно обележан. Во нив се...

 

...имаат случено најчесто бизарните случки на познати личности кои престојувале таму. Секој хотел си има своја приказна.

1. The Pierre Hotel, New York, САД
Влезе во историјата благодарејќи на грабежот на Нова година 1972. Група ограбувачи облечени во одела ги ограбиле сефовите во хотелот додека гостите спиеле. Вкупно накит и останато вредност 11 милиони долари и влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен грабеж некогаш.

hoteli-so-specificna-prikazna-1

2. Adlon Kempinski Hotel, Berlin, Германија
Хотелот каде Мајкл Џексон излезе на својот балкон на четвртиот кат со своето мало дете замотано во пешкир за да им го покаже на сите. Хотелот преку ноќ стана познат!

hoteli-so-specificna-prikazna-2

3. The Roosevelt Hotel, Hollywood, САД
Во овој хотел се одржала првата церемонија на доделување Оскари во 1929 година. Мерилин Монро живеела во овој хотел 2 години. Постојат и гласини дека нејзиниот дух е виден како игра во салата во хотелот.

hoteli-so-specificna-prikazna-3

4. The Amsterdam Hilton, Amsterdam, Холандија
Овој хотел има бурна историја и го вклучува и самоубиството на рок ѕвездата и уметникот Hermana Brood во 2001 година и убиството на холандскиот мафијаш Klaasa Bruins кое се случило веднаш покрај хотелот. Овде биле сместени и Џон Ленон и Јоко Оно. Тие ја изнајмиле собата со број 702 и таму примале новинари од светот за интервју.

hoteli-so-specificna-prikazna-4

5. Hotel De Crillon, Pariz, Франција
Ова е еден од најстарите луксузни хотели на чие отварање присуствувал кралот Луис XV 1758 година. Тука престојувале и американските претседатели Nixon, Wilson, Hoover, Theodore Roosevelt. За време на Втора светска војна го окупирале германците.

hoteli-so-specificna-prikazna-5

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија од каде што можете да ги видите најубавите зајдисонца (фото) Матка, езерото Козјак, скопскиот аквадукт - има многу места низ Македонија во ко...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg