Бесплатна прошетка во Лондон

besplatna-prosetka-niz-london-povekjeЛондон важи за еден од најскапите градови во Европа. Сепак, доколку имате можност да го посетите постојат и одлични бесплатни места кои...

 

...вредат да се посетат и навистина би биле одлично искуство за оние кои се при крај со парите.

1. National Maritime museum – еден од омилените музеи на локалното население.  Во него има навистина интересни занимливости за најмладите па затоа е и најчесто посетен од фамилии. Во близина се наоѓаат и Royal observatory и Greenwitch park кои исто така вредат да се посетат.

besplatna-prosetka-niz-london

2. Regent's park - овој парк има најголема зелена површина во Лондон. Овозможува безброј активности, спортски – рекреациски и можност да се излежавате по цел ден на трева. Во паркот секојдневно се одржуваат најразлични настани за сите присутни.

3. Portobelo road market - е тесна уличка во средиштето на Нотинг Хил. Овде се тргува од далечната 1937 година. Постојат преку 2000 тезги со антиквитети, накит, слики  и разна сребрена бижутерија Ова е еден од најинтересните пазари во Лондон и секако вреди да се прошета и да си купите некоја ситница за спомен.

4. Primorse Hill - зошто да трошите пари да го набљудувате Лондон д Лондонското око кога и од овде ви е овоможен прекрасен поглед?

5. British museum – овој музеј содржи збирка од преку 7 милиони артефакти и предмети од целата историја на човештвото. Од сите континенти на светот, илустрирани приказни за културата од почетокот па се до денес. Британскиот музеј е нешто што не смеете да го пропуштите ако се најдете во Лондон.

Ова се само некои од бесплатните места кои вредат да се посетат. Сигурни сме дека ако навлезете длабоко во Лондонските улички ќе пронајдете уште многу слични.

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Патувате и сакате да собирате нови билки? Еве што не смеете да направите! ЕФСА, Европската комисија (ЕК) и нивните партнери во земјите членки на Европскат...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Чунгкинг во Кина е најлудиот град во светот – На покривите има бензински пумпи (видео) Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во мес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg