Задолжителни авантури

avanturi-povekjeРазгледувањето споменици ви е досадно и мислите дека веќе сте виделе и испробале се? Но, секоја земја покрај своите традиционални вредности чува...

 

...и некои затскриени можности за патниците кои сакаат да видат и испробаат нешто ново.

Ви претставуваме неколку најбизарни искуства во туристичките понуди на земјите.

1. Големата борба со шлаг во Оломоук, Чешка

Фестивалот на борба со шлаг трае цела седмица. Волонтерите се поделени во спротивставени тимови и наоружани со колички шлаг. По одбројувањето започнува борбата која често е мошне жестока.

shlag

2. Коктел барот Sourtoe во Досон Сити, Канада
Овој бар нуди вистинско доживување за “разиграни желудници“. Предизвик на вечерта е да испиете коктел во кој се наоѓа човечки ножен прст, и да- мора да го допрете со усните!

nozen-prst

3. Ресторанот  Cabbages and Condoms, Бангкок, Тајланд
Зелка и кондоми во име на ресторан? Нема да ги најдете во чинијата, но контрацепцијата е специјалитет на куќата. Ресторанот на своите гости со кафе, наместо колачиња послужуваат кондоми.

condom_head_1

4. Карневалска трка со палачинки, Лондон, Англија
Традиционален настан за кој ви е потребен само добар тим и откачен костим. Добра и лоша страна е што трката трае најмногу половина час и треба да изработите и изедете што е можно поголема количина.

palacinki

5. Време за во тоалет во Shot Cafeu, Рига, Латвија
Тоалетите се вечна фасцинација за патниците, а овој е еден од најголемите знаменитости на градот. Даската од тоалетот е испреплетена со жилети и жица (графички), а тоалетната хартија излегува ведаш штом се приближите.

toalet

6.  Cafe Gratitude, Сан Франциско, Калифорнија
Карактеристично за овој ресторан се имињата на неговите понуди. Позади  "We are bontiful" се кријат крекери со сос, а голема салата доаѓа под името "I Am Abundant". Немојте да се изненадите ако ве запрашаат “ На што сте благодарни вие денес?“ Бидете пристојни.

kafe

Би можело да ве интересира:

Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Најубавите плажи во близина на Сарти (за тие што ја избегнуваат локалната плажа) Ако и вие како многу Македонци годинава се одлучите да летувате во Сарти, ви пре...
Зошто посетата на книжарницата „Shakespeare and Company“, во срцето на Париз, е посебно доживување? Многумина кои го имаат посетено Париз во еден момент се нашле пред или околу кни...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Најубави плажи во близина на Олимпијада, Халкидики - песочни и со кристално чисто море Олимпијада е мало местенце, сместено на западоисточниот брег на Халкидики. Се на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg