Ретро фризурите се ИН

retro-frizurite-se-in-povekjeЕсенската недела на машка мода во Милано донесе некои нови трендови на подрачјето на стајлингот и стрижењето на косата. Познатите модни куќи...


...ги преставија најновите модни и бјути трендови, меѓу кои секој модно освестен маж може да пронајде барем еден за себе.

Но, како еден од главните трендови се наметна ретро стилот. Rockabilly, стилот на оксфордските студенти, или пак бендови од почетокот на седумдесеттите ќе ве освојат и вас, но и жените, на прв поглед.

Залижан - D&G

retro-frizurite-se-in-1

И покрај рамниот патец на страна, фризурата не смее да биде претерано залижана, а косата залепена со главата. Косата мора да ви биде малку подолга за да можете да ја измасирате со пена за волумени и по потреба да ја израмните. Кога ќе го направите патецот, косата исушете ја со фен и дополнително истакнете поедини прамени со восок за коса.

Rockabilly - Chanel

retro-frizurite-se-in-2

Апокалиптичната есенска колекција на Шанел донесе и враќање на rockabilly машките фризури. Наместо класична фризура како што носел Елвис, направете нејзина современа верзија. Косата од страните залижете ја со помош на восок, или гел за сјај, а горниот дел на косата подигнете го со чешел за тапирање и фиксирајте со лак за коса. За оваа фризура косата мора да биде десетина сантиметри долга инаку нема да ви успее фризурата.

Gucci - во стилот на седумдесеттите

retro-frizurite-se-in-3

Рокерскиот свет на седумдесеттите години отсекогаш  ги привлекувал припадниците на машкиот пол, што не е ни чудно со оглед на славата и популарноста која ја има до ден денес. Земете го за пример Брајан Џонс, првиот пејач на Ролинг Стоунс. Полудолгата коса на која ќе нанесете пена израмнете ја со четка доколку косата природно не ви е рамна. Повлечете длабок патец на страна и подготвени сте за освојување на обожавателки.

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...
Valentino од 995 евра: Колку чинат некои од најскапите чевли на Северина? Од Manolo Blahnik и Gucci до Valentino и Dior - плакарот со чевли на Северина е ...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
4-годишно девојче од Скопје е мини модна ѕвезда со кул пролетни аутфити Кул модни комбинации и „шизички“ пози – 4-годишната Фрида од Скопје е хит на Инс...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg