Црвени усни и оваа есен

crveni-usni-i-ovaa-esen-povekjeЗа разлика од летните трендови, кога во мода беа усните во природни тонови, оваа есен и зима популарни се силно црвените тонови и усните во...

 

...најразлична боја на шумско овошје.

Актуелниот тренд на темно црвен кармин кој преоѓа во виолетови нијанси, први го прифатија и промовираа на своите ревии „Dolce&Gabbana“, Hussein Chalayan, „Gucci“ и „Bottega Veneta“.

Покрај креаторите кои го вратија на сцена црвениот кармин и многу познати ѕвезди ги користат црвените нијанси без оглед на модните трендови.

crveni-usni-i-ovaa-esen

Па така темно црвениот кармин е задолжителна шминка за атрактивната актерка Monica Bellucci, како и пејачките Gwen Stefani и Rihane.

Ваквите нијанси на кармин ги промовираат и Jessica Alba, Angelina Jolie, Penelope Cruz, Eva Longoria, како и Dita Von Tise. Всушност раскошната лепеза на црвени бои најдобро ја истакнува сензуаланоста на усните.

Психолозите сметаат дека припадничките на понежниот пол кои користат црвен кармин воглавно се чувствуваат атрактивни и сосема задоволни од својот љубовен живот.

Овие нијанси на кармини се малку попроблематични за користење, па морате да внимавате на гардаробата и при нанесувањето.

Од останатата шминка потребни ви се само пудра и маскара, а сенките и руменилата избегнувајте ги бидејќи усните се во преден план.

Што се однесува пак до гардеробата, пожелно е истата да биде во ненападни бои како што се сивата, црната или белата бидејќи кобинацијата со некоја силна боја или шарена облека може да делува невкусно.

Еве и краток видео туторијал како се нанесува црвениот кармин.

 

Би можело да ве интересира:

10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
Инспирирајте се од Македонките и жените од регионот - Како да носите тексас оваа сезона? Тексасот никогаш не излегува од мода. Различни се само стиловите и начинот на ко...
6 модни формули за рана пролет со кои секогаш ќе изгледате средено Пролетта ни е на прагот, а во претстојните месеци дополнете го вашиот плакар со ...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Заборавени модни правила: Зошто во минатото задолжително се носеле комбинезони под облеката? Жените се чувствувале самоуверено и пријатно, без разлика на тоа дали носеле деб...
8 чести грешки во изгледот со кои несвесно си додаваме години Многу тенки веѓи, огромни и впечатливи ѓердани и штикли и чанти во исти бои – со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg