Како да изгледате подобро?

kako-da-izgledate-podobro-povekjeСакате да ослабете, а немате време, ниту нерви за одење на фитнес, трчање или занимавање со некоја друга физичка активност. Доколку диетите...

 

...кои ги пробавте немаат никаков резултат, и сеуште имате проблеми со некој килограм повеќе, многу едноставно можете да го прикриете со мали трикови.

Експертите ви советуваат неколку наједноставни, а воедно и многу делотворни начини за изглед каков што отсекогаш сте сонувале.

Инвестирајте во долна облека

Најважниот дел од женската гардероба е токму долната облека, со помош на која можете да направите вашето тело да изгледа совршено.

“Со помош на соодветна долна облека многу лесно можете да го стегнете стомакот, kako-da-izgledate-podobroизразите колковите и да дефинирате струк. За такво нешто навистина не е потребно одење во теретана, туку само соодветна долна облека” тврди Soozie Jenkinson, одговорна во модната куќа "M&S" која се занимава со дизајн на долна облека.

Променете ја фризурата

Со избор на вистинска фризура можете многу едноставно да го истакнете обликот на своето лице и да направите тоа да не изгледа полничко, затоа што фризурата и бојата на косата која вам навистина ви одговора, ќе ги измени и контурите на вашето лице.

“Фризурата која одговара на вашето лице ќе ви даде елегантен изглед, и ќе направи да не изгледа воопшто полничко” тврди стилистот Richard Ward.

Пронајдете свој стил

Кога бирате облека, бирајте ја онаа која одговара на облините на вашето тело, а не облека која е моментално во мода. Исто така, доколку сакате да изгледате послабо носете високи потпетици, а таков изглед ќе постигнете во целост доколку се одлучите за облека со потемни нијанси.

Посебни додатоци

Доколку сакате да изгледате послабо, носете голема чанта, советуваат експертите. Но, својот изглед дотерајте го и со раскошни огрлици, како и друг накит. Не претерувајте, но секако не заборавајте својот изглед да го дополните со некој ситен моден детал.

Научете да позирате

Вишокот килограми можете совршено да го прикриете и кога се фотографирате. Според советите на експертите, додека позирате најважно е да се исправите, повлечете стомакот, рацете сосема малку да ги одвоите од телото, и многу лежерно едната нога да ја префрлите преку другата. Гледајте директно во камерата со крената брада, со цел вашиот подбрадок да не дојде до израз.

Би можело да ве интересира:

„Mob wife“: Предлог комбинации со трендот што го освојува светот (фото) Раскошни бунди, впечатлив златен накит и тесни фустани во темна боја – што претс...
Викторија Лоба во розовите Birkenstock влечки кои ги носеше и Марго Роби во филмот „Барби“ (фото) „Ајде Барби, да одиме на забава“ - напиша на својот Инстаграм профил, Викторија ...
Модни трендови за студени денови со кои треба да бидете внимателни Црвените парчиња се хит во постудените денови бидејќи нè асоцираат на Божиќ и Но...
Модни трикови: Како Французинките изгледаат елегантно (дури и со лежерна облека)? Црни наместо проѕирни хулахопки, долна облека од тантела... Што можете да ископи...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...
9 модни правила што се сметаа за вечна класика, а денес веќе не се ИН Aко сакате да носите бисери, наместо редените ланчиња какви што носеле претходни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg