Ако сакате да бидете во тренд оваа зима... (фото)

Добро е ако можете да ги следите сите модни трендови и од сè да имате по некое ново парче во гардеробата. Но, ако не можете да си го дозволите тоа, тогаш вложете малку повеќе во неколку клучни парчиња кои задолжително треба да ги имате и да ги комбинирате.

ako-sakate-da-bidete-vo-trend-ovaa-zima-01.jpg

Кожни панталони

Кожните панталони може да ги комбинирате на различни начини. Не се препорачуваат за пополни девојки, бидејќи целосно ги следат и оцртуваат облините.


Широки џемпери

Се носат и оние кои се тесни и кратки, но широките џемпери кои прават да изгледате слободно и опуштено, се хитот на оваа зима.


Здолниште до колена со А-крој

Елегантни се и одлично се комбинираат со салонки, но и со рамни чизми.


Карирана кошула

Одлично парче гардероба, со оглед на тоа што може да се комбинира и со фармерки и со класични панталони или здолниште. Одговараат и за секојдневни, но и за посвечени комбинаци зависно од материјалот и комбинацијата.


Црвени чевли

Женствени и секси, а мажите ги обожаваат. Доколку сакате да бидете забележани каде и да зачекорите, тие ви се задолжителни.


Плетен шал и капа

Замолете ја вашата баба да ви сплете комплет или купете си ги во иста боја и плетка. Не само што ќе изгледате симпатично, туку и ќе бидете стоплени дури и кога е најстудено.


Еве како да ги комбинирате овие клучни парчиња облека:

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
18 парчиња облека кои жени ги сошиле дома, а личат како да се од продавница (фото) „Си го сошив фустанот за церемонија на доделување награди. Материјалот со свилен...
5 модели на панталони што ќе бидат хит оваа зима + предлог комбинации (фото) Елегантни панталони со риги кои можете да ги носите и со џемпери, како и пантало...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg