Кој е вашиот облик на лице?

На округло лице, на пример, повеќе му одговара кратка коса, на коцкастиот облик повеќе му одговара долга коса, а според обликот на лицето, треба...




... да ги вклопите и шишките.

Окргуло лице
Најдобра фризура е онаа која убаво "паѓа", нема многу волумен, така што визуелно не би ви ја правела главата да изгледа преголема. Средната должина е идеална за Вас, но избегнувајте остар ратец на средината на лицето.

Коцкасто лицеkoj-e-vasiot-oblik-na-lice1
Линијата на фризурата би требало да биде мека, со јак волумен при темето. Обликувајте го предниот дел на фризурата така што прамените би ги тргнале од лицето.
Внимавајте да не биде вашата коса стрикно обликувана по рабовите, бидејќи на тој начин само ќе го потенцира вашиот облик, без позитивен ефект.
Ако имате шишки, не би требало да ви бидат многу густи или рамни, пробајте варијанта со ретки шишки.

Овално лице
Стучњаците од модната и индустријата за убавина го сметаат овој облик на лице најдобар за трансформација на стилови. Жените кои имаат овална форма на лицето, најубаво би им стоело кратка коса, бидејќи така им го нагласува правилниот облик на главата.

Држете се до едноставни линии на фризури, како тие би претставувале само комплимент на вашето лице, наместо само со многу прамени или асиметрични делови го "гушите".

Лице во облик на срце
Истакнатите јагодици и челото разубавете го средна должина на косата, која би требало да паѓа едноставно, без многу волумен.

Предноста на ваквите фризури е тоа што се лесни за одржување. Се препорачуваат и едноставни шишки, кои визуелно би го смалиле челото.

Лице во облик на дијамант

Овално лице со остри рабови - ако имате ваков облик на лицето, ќе ви стои било каква фризура! Најубаво сепак би Ви одговарало меки шишки и малку брановидно навиткана коса. Избегнувате премногу волумен кај темето.

Издолжено лице
Издолжениот облик можеби е најтешко за одбирање на соодветна фризура, бидејќи ова лице бара повеќе волумен, како би се создала илузија на исполнетост.
Никако немојте да шишате рамни шишки, туку побарајте фризура која е со многу степени и со многу можности за виткање и локни. Со ова вашето лице ќе делува заоблено.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&...
Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Met Gala во фустан што далечната...
Модели на здолништа кои изгледаат застарено (и е тешко да ги комбинирате) Здолништата со должина до колената прават нозете да изгледаат пошироко, додека о...
8 модни тајни со кои Скандинавките изгледаат одлично дури и на ниски температури Шарени дебели чорапи, долги кожени јакни, плетени џемпери и дебели елеци наместо...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg