Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Секс со заврзани очи: 6 причини зошто да го пробате вечерва

Сексот со заврзани очи е вистинскиот начин да ги зачините работите во спалната соба.

seks so zavrzani ochi 6 prichini zoshto da go probate vecherva 01

На овој начин покрај адреналин ќе имате и поголема доверба и интимност со партнерот.

Еве шест начини на кои овој тип на секс ќе ве одведе на нови височини двајцата:

Ќе ги зачините работите

Сексот со заврзани очи е невообичаен, но не толку невообичаен за да не можете да им кажете на пријателите.

Ако сакате доза адреналин, а без да бидете премногу луди и да одите на поместување на границите, тогаш сексот со заврзани очи е првиот бебешки чекор.

Тоа што нема да гледате ќе ги намали вашите инхибиции

Се чувствувате загрижено како изгледа вашето лице во екот на страста? Со овој вид на секс нема зошто.

Заборавете на тоа дали правите чудни фаци за време на оргазмот и сосема опуштете се. Ова дефинитивно ќе ве одведе до посилен оргазам.

„Исклучувањето“ на едно сетило ги зајакнува другите

И наједноставниот допир како неговите прсти по вашите бутови од стандардно ќе премине во интензивно за две секунди затоа што не можете да видите што следува.

Без сетилото за вид, вие ќе се концентрирате на дишењето и стенкањето, па дури и на ароматичната свеќа што ја запаливте во спалната. Кога не гледате, мирисите се посилни, а вкусовите поинтензивни.

Врзаните очи ја зголемуваат довербата меѓу партнерите

Вака ќе ја зајакнете врската со вашиот партнер. Дозволата да бидете со врзани очи додека вашиот партнер ја има контролата бара сериозна доверба.

Кога тој ќе ја стекнува вашата довера сė повеќе со секој нареден нов и пријатен потег, ќе се чувствувате поблиски и посигурни со него што го прави сексот подобар.

Има фактор на изненадување

Кога не гледате што следува, секоја мала работа ќе ви биде изненадување. Па така совршено време е да употребите масла, мраз и пердуви во сексот.

Направете ова да биде игра и не му кажувајте на партнерот што планирате наредно.

Врзувањето на очите на партнерот ви дава контрола

Кога ќе ги врзете очите на партнерот, вие сте на возачкото седиште, вие сте одговорни и неговото тело ви е комплетно доверено.

Со тоа ќе ја имате контролата и динамиката на сексот ќе се промени на многу позабавен начин. Сигурно тој ќе ужива во оваа новонастаната ситуација.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg