Македонските момци одговорија: Кој е просечниот број на сексуални партнерки кој би го задоволил нивното его пред да стапат во брак?
Машкото его се задоволува преку кревет, како што е добро познато, но кој е точниот или барем приближно просечниот број кој би го задоволил егото пред момците да стапат во брак.
Македонските момци одговорија на ова прашање, одговорите се мошне интересни.
Што повеќе тоа подобро, според мене добар е клучот кој отклучил повеќе брави, а лоша е бравата која била отклучена од повеќе клучеви.
Сепак си стојам на тоа дека колку повеќе сексуални партнерки си имал, толку подобар и поискусен ќе бидеш во кревет, приближниот број би бил околу 20, а девојката која ќе ја одберам за жена би сакал да нема голема километража во тој поглед.
Петар (24) Скопје
Во денешно време кога има сè повеќе болести, инфекции и разни заболувања не би практикувал секс со повеќе партнерки, посебно не ако се работи за секс за една вечер, од каде да знам што има девојката во себе?
Според мене бројката која е потребна да се задоволи егото пред брак е онаа бројка која ги одбележува сите твои сериозни врски, што значи имај секс, само откако ќе бидеш сигурен дека девојката е здрава.
Стефан (26) Охрид
Битолската шема е веќе добро позната, секс за една вечер кај нас е редовна појава во последно време, така да не е лесно да го зголемиш бројот на сексуални партнерки пред брак, но прашањето е со која ќе стапиш во брак потоа?
Според мене денес во светот треба да се укине бракот бидејќи ниту едно момче или девојка не може да издржи да има секс само со една личност, така да бројката на сексуални партнерки е бесконечна...
Никола (21) Битола
Сум имал секс со повеќе девојки, но бројката не ја надминува десетката, да напоменам дека со секоја сум користел презерватив бидејќи ниедна од нив не сум ја сфаќал сериозно. Затоа им препорачувам на момците кои не планираат нешто повеќе со девојката да користат редовно кондом, бидејќи денес лесно можеш да закачиш нешто.
Во однос на бројката мислам дека мојата е доволна, би можело една, две плус, но тоа зависи од мојата сегашна девојка, дали истата ќе стане моја сопруга или не.
Димитар (25) Прилеп
Ако јас сум сигурен во мојата машкост и имам самодоверба, нема потреба егото да го задоволувам преку сексот.
Моето мото е дека навистина понекогаш ќе дојдеш во ситуација да ќе посакаш секс за една вечер, но тоа е во ред само доколу и девојката знае дека нема да се видите повеќе. Во останатите случаеви кога се работи за врска пред брак, сметам дека секоја девојка треба да добие шанса да биде потенцијалната партнерка, па според тоа не внимавам на бројката што се однесува на сексот, бидејќи никоја не сум ја гледал како бројка досега.
Антонио (31) Скопје
Не внимавам на бројката, но сакам да е што поголема бидејќи сметам дека штом ќе стапам во брак претходно треба добро да се забавувам со пролазни девојки, иако не посакувам девојка за потенцијална сопруга која го правела истото како и јас претходно.
Маријан (23) Битола
Момци, каков е вашиот став на ова прашање?