Значењето на предиграта

predigra_small.jpgДенес предиграта е веќе составен дел на водењето љубов, па иако сексот може да биде одличен и без претходни „игри“, повеќето жени ќе се согласат дека предиграта е многу важна бидејќи носи взаемно задоволство...


Што е предигра?

Може да опфати широк спектар на активности, од гушнување, соблекување, бакнежи, галење, па се до орален секс. Зошто е толку важна? Пред се затоа што партнерите така најдобро се запознаваат, а потоа затоа што е најдобра подготовка за продолжување на односот.

Не постои совршена предигра.
Значи не треба да се чувствува притисок во врска со тоа дали сте го помилувале вистинското место и дали тоа правилно сте го сториле. Суштината е во обостраното давање и во незаборавното заедничко искуство. Сите жени се различни. Некои сакаат да ги бакнувате по враот, некои повеќе сакаат директна орална стимулација.

Постојат многу начини партнерот да се доведе до екстремна возбуда, но едно е сигурно: се почнува во главата. Затоа наједноставно е да и се каже дека е убава или дека има секси тело. Комплиментите ќе помогнат да стекне повисоко ниво на самодоверба, а со самото тоа и сигурност и возбуда.

predigra1.jpg

Направете соодветна атмосфера.
Тоа е неопходно за да обајцата постигнете потребно расположение. Посветете внимание на романтичните детали, на пример нека е просторијата топла, светлата пригушени, а попстелата чиста. Кога тоа ќе го сторите ќе си дадете време двајцата да се соблечете бидејќи чинот на соблекување е подеднакво важен како и самата предигра. Обично жените трошат многу пари на скап веш бидејќи во него се чувствуваат секси. Затоа се препорачува да ги оставите извесно време да останат во него.

Предиграта и бакнежите.
Во тек на предиграта бидете што побавни. Бакнежот е првиот израз на желба, но во текот на сексуалниот однос често заборавен детал. Затоа не се стеснувајте да го бакнувате секој дел од телото на вашиот партнер. Многу жени се жалат како нивните мажи не ги бакнуваат доволно туку веднаш брзаат со односот. Не срамете се да експериментирате по целото тело и така да ја продолжите предиграта.

Би можело да ве интересира:

Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)? Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворе...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои е...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Совети и пози за тивок секс, за кога не сте сами дома (18+) Пуштете музика или телевизор и одберете поза која не бара многу движење на креве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg