Лоши навики за подобра врска

losi-naviki-podobar-seks-povekjeГи знаеме лошите навики кои се опасни по врската, но не баш сите од нив делуваат разорувачки на неа. Прочитајте како малите “грешки“ можат да ја подобрат врската.

 

Флерт
Не е мал бројот на луѓе кои за неверство го сметаат и флертот. Секако, може да биде изневерување, но зборуваме заlosi-naviki-podobar-seks недолжен флерт, кој не претставува заведување на никој од присутните.

Флертот ќе ви ја подигне самосвесноста затоа што ќе ве потсети дека сеуште му се допаѓате на некого, дека некој ве посакува и ќе ви внесе во  животот мала искра која ви е потребна.

Понекогаш е добро ако вашиот партнер забележи дека некој сака да флертува со вас, а можеби и такво нешто ќе го протресе како будилник. Ќе се сети на погледите и заведувањето, од времето кога сеуште не сте биле заедно и не сте биле свесни што се крие во вас.

Себичност
Во секоја врска е потребен компромис, но не треба секогаш да се во однос 50-50%. Најверојатно е потполно бесмислено да погледнете половина фудбалски натпревар, па потоа да го видите крајот на некој филм.

Некогаш е подобро еден од вас да попушти 100% а следниот пат другиот. И никогаш не го обвинувајте партнерот за неостварени желби, остварете си ги сами!

Карање и расправии
Фрлање чинија на партнерот баш и не е најздраво, но не чини и да ги избегнувате расправиите. Воопшто не е потребно секогаш да дојдете до консензус, но убаво е да ги воочувате проблемите.

Треба да се открие од каде потекнуваат несогласувањата и како да се совладаат. Плус после караници - сексот е секогаш полн со чувства.

Би можело да ве интересира:

„Подморница“ – секс поза наменета за во базен (18+) Наменета за двојките што сакаат секс во вода, секс позата „подморница“ ѝ дозволу...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg