9 совети за првиот состанок

10-soveti-za-prviot-sostanok-povekjeНајдоброто нешто за лошите состаноци е што секогаш ќе ви остане добра приказна која ќе можете да ја раскажете. Но, доколку сакате да се зголемат...

 

...шансите и за втор состанок прочитајте ги нашите препораки.

10-soveti-za-prviot-sostanok

Доцнење
Дури и 5 минути доцнење на првиот состанок е неприфатливо. Луѓето се веќе нервозни и нетрпеливи на вакви состаноци, а уште и да ги оставите да ве чекаат е навистина некултурно. Ова важи и за мажите и жените.

Погрешна гардероба
Осигурајте се дека тоа што го носите е соодветно на местото каде што одите. Во спротивно целиот состанок може да пропадне поради тоа. Замислете да се дотерате со високи потпетици и бисери, а да одите на местo каде што има некој спортски настан.

Зборење за политика или религија
Tеми за кои најчесто се влегува во долги и бескрајни дебати е препорачливо да се избегнуваат на првиот состанок. Замислете да почнете разговор за право на абортус или политички партии... Можете да дојдете до точка кога вашиот прв состанок ќе се претвори во караница и точка од која нема враќање назад.

Гледање наоколу
Мислите дека никој не би го направил ова, но момците секогаш гледаат во келнерката или некоја друга девојка што ќе им го привлече вниманието. Колку е само некултурно ова!

Носење пријатели
Ако донесете пријатели со вас можете да изгледате незрело и несигурно. Истотака, ја ставате во незгодна ситуација другата личност што очекувала состанокот да биде еден на еден. Осигурајте се дека тоа е состанок еден на еден и појавете се сами.

Премногу пиење
Некои луѓе стануваат други личности кога ќе испијат малку повеќе. Дозволете им на луѓето да ве запознаат поубаво додека сте трезни, пред да се напиете пред нив. 

Премногу агресивност
Никој не сака да се справува со нечија рака пред да бидат спремни. Тоа е најдобриот начин да извадиш некого од памет. Ако некој е со некого на вечера, не значи дека е спремен веднаш да рипне во кревет со него.

Откажување во последен момент или извисување
Откажување поради вистинска причина е во ред, но почитувајте го времето на другата личност. Додека пак, извисувањето е уште полошо. Ништо не постигнувате со тоа,  барем имајте храброст и откажете.

Брборење
Пробајте да дишете помеѓу речениците и не зборувајте премногу. Дајте ѝ шанса на другата личност да каже нешто.

Би можело да ве интересира:

„Го изневерувам дечкото секогаш кога одам на одмор, во странство важат други правила“ Жена од Англија смета дека е во ред да го изневерува партнерот кога е на одмор, ...
Пози за мастурбирање за жени што ќе ви покажат дека (понекогаш) и не ви треба партнер (18+) Легнете на стомак и ставете една или две перници во пределот под стомакот и колк...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Жени откриваат: Што мразат, а што навистина сакаат во кревет? (18+) Уживаат во орален секс, но не сакаат сексот да трае премногу долго – жени открив...
„Затвореничка“ – омилената секс поза на жените што сакаат партнерот да доминира (18+) Станува збор за секс поза која може да се изведе со стоење или клекнати на колен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg