10 особини кои ги имаат само добрите шефови

Компаниите можат да ги потрошат сите пари на овој свет за да го најдат најдобриот персонал и да ги обучуваат да работат на вистинската позиција, но ако не можат да ги задржат, сето тоа паѓа во вода.

Ova se 10 osobini na sovrseniot sef 01

Што е тоа што ги тера луѓето да ги остават своите добро платени работни места? Па, лош шеф, се разбира.

Спротивно на тоа, ако имаат среќа да работат со супервизор кој знае што прави, вработените не се само попродуктивни во својата работа, туку и поверојатно е дека нема да сакаат да ја сменат компанијата.

Луѓето од Google веќе десет години размислуваат за тоа што го чини совршениот шеф. На крајот од нивната анализа, тие дошле до заклучок дека техничкото знаење е помалку важно отколку емоционалната интелигенција.

Ова се 10 особини на совршен шеф:

Тој постојано ги учи своите вработени

Тој не само што се занимава со решавање на проблеми, туку ја користи секоја можност да го сподели своето искуство и експертиза со вработените, што им овозможува на вработените да научат нешто ново.

Тој им верува на своите вработени и им ги делегира задачите

Микро-управување е сигурен пат до пропаст. Добрите шефови им овозможуваат слобода во решавањето на задачите на своите вработени и се стремат да им обезбедат најдобри услови да го сторат тоа.

Создава инклузивна атмосфера погодна за тимска работа

Многу е важно вработените да се чувствуваат пријатно на работа, за да дојдат до идеи без страв од осуда или исмејување.

Ova se 10 osobini na sovrseniot sef 02

Продуктивен е и ориентиран кон резултати

Најдобрите шефови не се само ѕвездите на тимот, туку и ги прават своите соиграчи подобри. Не им е тешко да ги извршуваат работите за кои не се одговорни, ако тоа ќе го подигне моралот на работниците.

Има добри вештини за комуникација

Не мислиме само на нивната способност да разговараат со вработените, туку и на нивната способност да ги слушаат. Исто така е важно да бидат транспарентни и да ги споделат сите релевантни информации со тимот.

Ја анализира работата на вработените и го поддржува нивниот професионален напредок

Добрите менаџери ги фалат своите вработени, кога го заслужуваат тоа, но на конструктивен начин. Тие, исто така, ги имаат предвид амбициите на своите работници и се стремат да им помогнат да ги унапредат нивните кариери.

Ova se 10 osobini na sovrseniot sef 03

Има јасен увид во својот тим

Тој знае како да го организира тимот за да може најдобро да се справи со деловните задачи. Добрите шефови знаат дека клучот за успехот е ставањето на вистинските луѓе на вистинските позиции.

Тој добро го познава бизнисот што понекогаш може да понуди технички совети

Менаџерот не мора да биде најголем експерт во областа на бизнисот со кој се занимава фирмата, но мора да биде оспособен за најважните работи, за да може да ја оцени работата на другите и да им ги понуди своите совети за разни теми.

Соработува со вработените

Постојат шефови кои се изолирани од своите вработени и повеќе се грижат да ги заштитат своите работи. Наспроти тоа, добрите менаџери се во постојан контакт со луѓето кои работат за нив, во корпоративната хиерархија, и знаат дека без соработка со нив фирмата нема да успее.

Ova se 10 osobini na sovrseniot sef 04

Донесува тешки одлуки

Добрите шефови не треба да бидат импулсивни, но важно е да бидат решителни. Ова значи дека не треба претерано да размислуваат за мислењето на другите, ако веруваат дека прават вистинска работа.

Вистинските лидери секогаш преземаат одговорност за тешките одлуки и, се разбира, ги сносат последиците од нивниот неуспех.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg