12 причини кои ќе ве натераат да си купите милениче уште денес

Некои се скептични околу прашањето за чување на милениче дома или во својот двор поради многубројните негативности кои живеењето со него може да ги донесе.

12-pricini-koi-ke-ve-nateraat-da-si-kupite-milenice-uste-denes-1

 Но, сте се запрашале ли кои се позитивните работи кои ќе ги добиете доколку одлучите миленичето да стане дел од вашето семејство?

Ова се причините кои ќе ве натераат да си го купите посакуваното милениче уште денес!

1. Кога сте тажни или депресивно настроени, ќе има кој да ви го оттргне вниманието.

2. Ако живеете сами, никогаш повеќе нема да се почувствувате осамено, а ниту наспано.

3. Ќе добиете доживотен пријател.

4. Ќе се подготвите за родителската улога, бидејќи ќе мора да се грижите и за некој друг освен за самите себеси секој ден, а доколку сте веќе родител вашето дете ќе има постојано друштво со кое ќе си игра цел ден.

5. Јадењето ќе ви биде повкусно во негово друштво, а и спиењето со него доколку сепак не сте скептични и го оставите да спие со вас.

6. Ќе го чува домoт секој ден додека сте на работа, факултет, забава и ќе ве чека со нетрпение да се вратите за да си играте со него!

12-pricini-koi-ke-ve-nateraat-da-si-kupite-milenice-uste-denes-2

 7. Ќе ве пречекува на портата или влезната врата што е баш пријатно после напорен ден на работа.

8. Ќе ве натера да го одржувате своето тело во топ форма со секојдневните прошетки.

9. Ќе ве буди рано со своето лаење/мјаукање, пеење, со што ќе стекнете навика да станувате сами наутро.

10. Ќе го разбуди детето во вас во моментот кога ќе одлучите да го посветите слободниот ден за игра со него.

11. Ќе ве направи да се почувствувате сигурно и сакано во границите на своите можности, за разлика од луѓето околу вас.

12. Ќе ве сака на свој животински начин без разлика на сè!

12-pricini-koi-ke-ve-nateraat-da-si-kupite-milenice-uste-denes-3

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg