7 совети со кои петардите и огнометот нема да бидат траума за вашиот миленик

За време на новогодишните и божиќните празници покрај добрата храна и дружењето, непотребно вечерта е придружена со пукотници од петарди и огномети кои може да бидат опасни за животните.

7-soveti-so-koi-ke-gi-zastitite-vasite-milenici-od-stresot-od-petardi-i-ognomet-01

Огнометот можеби нам ни изгледа посебно и величенствено во сите бои, но за домашните миленици кои ги слушаат пукотниците претставува голем стрес.

Ова се некои од советите со кои може да им помогнете за полесно да го надминат:

1. Обезбедете му место на кое ќе може да се скрие

Ако вашето куче нема посебно омилено место во домот или доколку го чувате надвор, барем за оваа вечер обезбедете му празен простор во домот. Ставете ги на едно место сите негови играчки, храната и водата за да бидете сигурни дека ќе му биде пријатно и ќе заборави на тоа што се случува надвор.

На мачките им е доволно да се скријат под столче или кревет. Не ги повикувајте да излезат додека самите не го направат тоа.

2. Сигурно и безбедно место

Ако сепак останува надвор домашното милениче, обезбедете му го просторот на движење за да не истрча на улица во момент на стрес.

3. Кучињата шетајте ги преку ден додека е светло

За да не треба да ги шетате навечер кога е позачестена употребата на петарди, сите физиолошки потреби обидете се да ги извршат во текот на денот додека е светло.

4. Не го терајте да излезе со сила

Ако вашето милениче е исплашено за време на пукотниците, не го обвинувајте, не го терајте да излезе од куќичката и оставете го само да процени кога е подготвено.

5. Игнорирајте ги звуците на петарди и огномет

Играјте си колку можете со миленичето, но не го форсирајте. Ако ја прифати играта ќе подзаборави на петардите.

6. Најдете му другарче

Ако знаете дека некој од пријателите има куче кое не се плаши од звукот на петардите и огнометот, добро е да ги здружите заедно за полесно да го надминат тој период.

7. Куќичка или кафез

Колку можете обезбедете ги подобро куќичките на кучињата или кафезите за мачињата, со тоа што ќе ги прекриете оставајќи само мал отвор за да можат да гледаат надвор. Така ќе се чувствуваат посигурно.

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg