Најпопуларното куче на интернет не престанува да се смее

Мару е неверојатно фотогенично куче кое изгледа како да е најсреќното куче во светот. Ова седумгодишно куче од расата шиба-ину  живее во Јапонија и има многу причини за да се смее.

najpopularnoto-kuce-na-internet-ne-prestanuva-da-se-smee-01

Најпопуларен е на интернет и од неодамна има повеќе од 868.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Неговиот сопственик Шинџиро Оно обожава да го фотографира и да го снима неговиот лик кој постојано е насмеан.

Без разлика дали си игра, јаде или спие, тој секогаш ужива во вниманието коe му го посветува на неговиот сопственик и со задоволство му позира.

Мару посебно сака да си игра во цвеќињата, да се вози во корпата на велосипедот, да шета по плажа и да ги гризе своите играчки.

Тој има и своја Фејсбук страница со голем број обожаватели и десетина видеа на YouTube со кои се развеселуваат голем број љубители на животни.

Но, на неговата мила насмевка никој не може да одолее:

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg