Зајчињата можат да бидат одлични домашни миленици

Зајчињата можат да бидат одлични домашни миленици, но мора да знаете каква храна тие треба да консумираат, нивното време за спиење, што ги прави среќни и само така ќе си го олесните чувањето.

zajcinjata-mozat-da-bidat-odlicni-domasni-milenici-1

Постојат многу работи кои со сигурност не ги знаете кога станува збор за овие слатки животинчиња.

Да, тие се разликуваат од милениците на кои сте навикнати, но ќе имате едно поголемо животно искуство чувајќи зајче во својот дом.

Погледнете ги најинтересните работи поврзани со зајчињата:

1. Животен век

Ако досега мислевте дека зајчињата живеат кратко, сте грешеле. Животниот век на зајачињата е 10 години, но тоа многу зависи од начинот на кој го храните и начинот на кој се грижите за овој миленик.

2. Ушите како термометар

Зајчињата своите уши ги користат буквално како термометар. Ако нивните уши се кренати тоа значи дека им е премногу топло, но ако ги спуштат ушињата долу, на својот врат, на тој начин се греат и тоа е знак дека им е студено.

3. Се раѓаат без крзно

Зајаците се раѓаат без крзно на себе, а крзното започнува да расте дури по неколку дена откога ќе се родат. Исто така, зајчињата се раѓаат слепи и глуви и тие не можат да слушаат 5 дена после раѓањето, а прогледуваат после 10-от ден.

4. Одлична визија

Тие имаат одлична визија и забележуваат буквално сѐ што се движи околу нив. Дури и ако сте зад нив, тие сепак можат да ве забележат. Но имаат една слепа точка и таа се наоѓа точно пред нивниот нос. Да, зајчињата не можат да видат што им се наоѓа точно пред носот.

5. Осаменост

Осаменоста е честа појава кај зајчињата и затоа доколку веќе земате зајче како домашен миленик секогаш е подобро да земате во пар. Но мора да бидете сигурни дека добро ќе се согласуваат, во спротивно можат да се повредат меѓусебно.

6. Агресивни

Иако изгледаат среќно и како да сакаат да си играат тие сепак знаат понекогаш да бидат агресивни. Затоа одете чекор по чекор додека го навикнете зајчето на себе и на семејството.

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg