Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Го почнав велигденскиот пост за да го поддржам сопругот - од што ми е најтешко да се откажам?“

Прв ден, понеделник, само вода. До среда. Првите три дена се постат само со малку водичка, никако храна. Никако кафе или чај. Првиот ден помина некако. Без кафе, што значи и без енергија. Како им е на тие што не пијат кафе? Од каде црпат енергија? Или и тоа е само филм кој си го правиме за да си пиеме кафе нон-стоп? Не е исто да јадеш сè и наеднаш стоп, ништо. Само вода.

pochnav-da-postam-za-da-go-poddrzham-soprugot-toj-e-zadovolen-a-jas-sum-napnata-zatoa-shto-treba-da-se-otkazham-od-malite-i-nebitni-raboti-01.jpg

Зошто се мора да потекнува од мажот? Зошто прво него го створил  Господ? Мора ли се да се врти околу мажот?

Одговорот во мојот случај е очигледен - да.

Негова беше идејата, тој прв спомна дека сака да пости. И се разбира мене ми е криво што прво мене не ми текна.

Откако тој спомна - јас одма ми се сврте во глава да го поддржам и да му кажам дека постењето е многу добро, дека не е тешко, дека Бог помага. И да си продолжи со идејата.

Затоа сум јас жена, да го поддржувам.

А мене? Мене ми требаа ден-два за да ми дојде и мене идеја дека убаво би било и јас да постам.  И јас да го следам. Јас него да го следам.  Дека сакам да постам и телесно и духовно.

Зошто мене прво не ми дојде идеја па тој мене да ме следи. Ама ете, така ми било судено. Јас некој да следам.

И одлучувам да го правам тоа. Одлучувам да постам. Одлучувам да се спремам  и теоретски и психички и да го правам тоа правилно.

Одлучувам да свртам нов лист и да почнам помирна и по благотворна фаза во животот.

Да бидам од добра - подобра. Од хумана - похумана. Од мирна - помирна.

Прв ден, понеделник, само вода. До среда. Првите три дена се постат само со малку водичка, никако храна. Никако кафе или чај. Тримери се викаат овие три дена. И во среда наутро откако ќе се ислуша света литургија, се вкусува света водичка, се вика Агјазма, а потоа ти даваат причест.

Само што јас нема да можам да земам причест бидејќи сум жена и бидејќи морам да исплатам некои библиски гревови.

Првиот ден помина некако. Без кафе, што значи и без енергија. Како им е на тие што не пијат кафе? Од каде црпат енергија? Или и тоа е само филм кој си го правиме за да си пиеме кафе нон-стоп?

Не е исто да јадеш сè и наеднаш стоп, ништо. Само вода. Сум правела и претходно „воден ден“ во некои диети. Ама сега е поинаку некако.

Повредно, посодржајно.

Барав и рецепти за храна без масло. Така го пополнувам времето, а и  се плашам тоа може да ми биде проблем. Дека нема да има храна која ќе ме задоволи. Дека ќе бидам константно гладна...

А тој? Банани, индиски, салата и алва и задоволен е. Мене ми треба спремна агенда за секој ден однапред. Затоа и ми е тешко  и напнато.

Исто и цигарите се проблем. Го прашав попот и за цигарите. Ми кажа дека  идејата во постењето е да се откажеме од задоволство. Јас тоа го знаев. Ми го кажа и Тој уште пред некој ден. Попот само ми потврди. Ама мене тоа ми е незамисливо.

Сакам да сум подобра верзија од себе. Сакам промена - на подобро.

Која будала сум. Не се плашам дека ќе имам лоши мисли. Не ми е гајле што нема да пијам алкохол. Јас се плашам како би ми бил животот без цигари....

Па тоа и беше цела идеја во постењево. Задоволствата (пороците) да бидат изоставени.

Господ нека  ми помогне бидејќи ѝ треба рестарт на оваа моја душа и помош да се откаже од сите мали небитни - а страшни работи.

Автор: Паун

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg