Кога Петре ме љубеше...

koga-petre-me-ljubese-1.jpg

Кога Петре ме љубеше,
времето во воздух го претвораше,
отвораше и затвораше железни капии
од отровни змии и змејови чувани,
во темни зандани чувства негувани,
ги ослободуваше за да ме чуваат.

Кога Петре ме милуваше,
телово невино фаланга стануваше,
крвта потоп правеше низ сите заспани воини
и жедни хероини во мене,
а на него вените набабрени, релјеф исцртуваа
од страстите сласти што вкусуваа.

Кога Петре ме сонуваше,
сонот стварност стануваше.
Ме будеше со зраците и откриваше од под облаците,
за да сонуваме заедно,
па ми ги ткаеше дните со нитни и златни конци,
за да можам да си починам малку подолго
тука…во мојот вечен дом.

Оти Петре ме љубеше,
направи да левитирам низ светови и времиња,
бремиња на стари силни љубови,
остварени и изгубени.
Оти сум креација на неговата имагинација,
композиција која нежно растреперува,
ќе остане единствениот кој вистински ја љубел Дениција.

Автор: Дениција

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg