Господинот Вистински

Вистинскиот лесно ќе го препознаеш, убавице. Тој ќе ти каже дека си убава во 9 часот наутро, а не во 4 часот после забава и 2 литри испиен алкохол. Тој ќе се труди околу тебе и во понеделник, а не само во петок и сабота. Ќе те повика со него на кафе, а не кај него на пијалак.

gospodinot-vistinski-01.jpg

Ќе те запознае со другарите наместо пред нив да се прави дека не те познава. Ќе те држи за рака среде бел ден, сред преполн кафич ќе те прегрнува, среде толпа луѓе ќе ти измамува насмевка.

Вистинскиот лепотице нема да ти подарува скап подарок, туку ќе ти подари внимание. Ќе се грижи каде си и со кого си, но никогаш нема да ти скрати од правото да бидеш некаде и со некого. Тој едноставно ќе ти верува. Ќе ти влее доверба правејќи да се чувствуваш дека за него си единствена. Тој ќе планира со тебе, иднината ќе ја креира врз основа на твоите амбиции. Ќе го цени твојот успех, ќе се радува на твоите победи.

Вистинскиот никогаш нема да те изневери. Ниту кога е излезен сам со друштво, ниту кога алкохолот влијае со неговото тело.

Што е најважно, тој ќе те прави среќна. Никогаш нема да те расплаче, па да си замине. Никогаш нема да ги решава проблемите со бегање од нив. Нема да разбуди пламен во тебе немајќи намера да го разгорува.

Немој да го бараш. Тој се препознава во оваа толпа луѓе. Ќе го здогледаш и ќе знаеш. Ќе те буди со порака за добро утро наместо со исклучен телефон и „мејли“. Ќе ја искористува секоја шанса да биде со тебе.

Ќе му бидеш приоритет, девојко. А никогаш опција.

Тој ќе ги признава своите грешки наместо да ги покрива со безвредни лаги. Ќе те чува како сестра и почитува како мајка. Ќе те сака безусловно не срамејќи се да ја покаже таа љубов пред целиот свет.

Него нема да го пропуштиш. Ќе го чуваш и тоа како. Бидејќи ќе биде вреден. Ќе ја поседува секоја карактеристика на маж со цврсто изграден карактер. А другите?

Секако, ќе ги има во поголем број. Сите оние кои симнуваат ѕвезди се додека облаци не надвладеат со небото. Нив насмевни им се. Намигни им и посакај им среќа. Не заслужуваат ништо повеќе од тоа.

gospodinot-vistinski-02.jpg

Автор: Кристина Цонкинска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg