За НЕтатините принцези

Причината поради која го пишувам ова е што многу често сретнувам писма испратени од татковците до нивните ќерки, текстови од малите татини принцези посветени на татенцата кои никогаш нема да ги заборават, писма од гордиот татко до ќерката која треба да избере маж сличен на него и слични глупави зборови кои на НЕтатините ќерки им делуваат смешно.

za-netatinite-princezi_02.jpg

Што е со ќерките чии татковци си отидоа? Не умреа. Си отидоа. Напуштија. И тоа по свој избор. Како им е на НЕтатините принцези кога ги читаат тие чудни стории за размазената ќерка на тато?

Верувам дека секоја напуштена девојка од најголемиот човек во нејзиниот живот може да биде поголема принцеза од секоја растреперена капка на татковата дланка.

Стакленото ѕвоно во кое е растена една мала татина среќа, во светот на напуштеното чудовиште, е скршено. И тоа е во ред. Зашто чудовиштето излезе од тој совршен свет, се запозна со улиците, со лелекот кој се одѕива од тие улици, со немаштијата во најпразните сокаци, со преживувањето во најтемните улички, со плачот на силните мајки...

Уште полошо за оние чии татковци не си заминаа и го гледаа секое плачење и страдање и патење на нивните деца. Нивниот татко сигурно бил обвинуван во нивните очи. И тој секако го знаел тоа но, не се грижел доволно многу за да смени нешто. Тој бил способен само да го сврти грбот и да си замине од секое обвинување.

Но, не ги жалам. Тие девојки научија како да заработат без да глумат лесни девојки по градот.

И додека најголемата несреќа во животот на една татина принцеза е кога нејзиниот симпатија не ја сака, напуштеното чудовиште се смее на такви банални работи и заработува за живот, за себе, својата мајка и помалите браќа и сестри.

Заработува за да може да си плати ужина на училиште, за слободна карта во автобусите на ЈСП, за студирање, за да излезе во град. Ама сето тоа е во ред.

И сакам да ги поздравам сите напуштени девојки зашто секоја од нив научи како да ја најде светлата точка и во најцрната темнина.

Секоја една одеше со лицето изложено на секоја болка и тага фрлена од татковата рака и исправено чекореше низ стрмнините на животот. Ама тоа ја направи посилна.

Таква девојка нема никогаш да заплаче зашто симпатијата не ја сака...

Автор: Марија В. Атанасова

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg