Придржување врата на непознати
Се знае дека е ред да им се придржи вратата на постарите, џентлмените им ја отвараат и придржуваат вратата на дамите,
нормално е да му се отвори и придржи тешката врата на дете кое самото тоа не може да го направи.
Некогаш, меѓутоа е малку потешко да се одреди кон колку луѓе би требало да се примени овој гест на пристојност.На што се мисли при тоа? На сите оние ситуации кога по вас излегуваат поголем број луѓе, или кога вие излегувате па му ја придржувате вратата некому да влезе, а по него влегуваат уште многу луѓе. Некогаш тоа е во сопствената зграда, некогаш во продавница, во болница .... Нормално би било некој зад вас да ја фати вратата и да ја придржи за тие што доаѓаат по него, но често пати тоа не се случува, никој несака да ја пипне вратата, сите само гледаат да влезат и излезат, а вие тогаш изгледате како некој портир.
Незгодна ситуација. Од една страна, сакате да бидете пристојни и на особата која доага зад вас да и ја придржите вратата, а не таа врата да ја удри, само што тоа тогаш го користат и многу други, а вие не сакате да изигрувате портир. Дали првилата на пристојност говорат нешто за тоа?
Да говорат. Вратата му се придржува на тој кој е непосредно зад вас-по него имате полно право да ја пуштите и да продолжите по својот пат, и тоа не ве прави нималку непристоен. Особата која е непосредно зад вас треба да ја прифати вратата, освен ако се работи за лице кое на некој начин е онеспособено тоа да го направи.
Но, ако така постапите, вратата би можела некого да удри! Теоретски, да би можела- во пракса тоа не се случува, бидејќи тој кој доаѓа после гледајќи дека никој не му ја придржува вратата, рефлексно ја пружа раката да ја придржи вратата. Луѓето ќе ја искористат можноста да ја избегнат “напорната обврска“ придржување врата ако таква прилика постои, но ќе реагираат агилно ако видат дека не можат вас да ве искористат како личен портир, и нема да има повредени.