Пицата - храна за сиромашните

picata-hrana-za-siromasnite-povekjeЕдно од најпопуларните јадења на светот не било отсекогаш толку познато и распространето. Пицата се поврзува уште со стара Грција, нешто подоцна и со...

 

...Рим, односно Италија, каде рецептот се развил до совршенство.

Вака долго и богато минато не ни можело да резултира со нешто помалку вкусно, сепак станува збор за 2.000 години усовршување.

picata-hrana-za-siromasnite-1

Во античка Грција се печел плакоус – леб со разни додатоци, кромид и лук. Дури и војската на персискиот крал Дариј се хранела со потпеченото тенко тесто со сирење.

Ова се некои од познатите факти кои се тесно поврзани за подрачјето на Медитеранот.  Во ова подрачје археолозите пронашле 3000 години стар сад за подготвување „античка пица“.

Во Античкото време, пицата се состоела од тенко тесто, бел сос и разни вежи билки, но никогаш не се викала така. Во првиот век пред Христос познатиот антички поет Вергилиј во својата „Енеида “споменува леб, или подобро кажано подлога од леб, која може да послужи како подлога за друга храна, односно подлога која се јаде.

Денешниот назив се појавува во 16-ти век во Италија, на самиот југ во Наполи. Пицата впрочем била тесто со кое пекарите проверувале дали печката е доволно загреана. За испеченото тесто да не се фрла, тие го продавале на сиромасите на улиците. Затоа и пицата во минатото била позната како „храна за сиромашните“.

picata-hrana-za-siromasnite-2На парче тесто сиромасите ставале се она што имале – зачини и малку зеленчук. Дури во средината на 17-тиот век пицата почнала да се шири кај сите луѓе, а пишаните остатоци од 19-тиот век споменуваат и сос од домати, кашкавал, риби и маслинки.

После ова пицата брзо заживеала како вистински специјалитет и станала дел од туристичката понуда на Наполи.

Сè до почетокот на 17-ти век се продавала на отворени штандови. Традицијата се продолжила и во поново време – пицата може да се купи речиси секаде и да се јаде завиткана во хартија.

Во 1989 година настанала една од најпопуларните пици, Маргарита, која во чест на кралицата Маргарите од Савоја ја подготвил наполитанскиот кувар Рафаел Еспосито. На пицата наредил домати, моцарела и листови босилек, со што всушност ги добил боите на италијанското знаме.

Во Наполи постои пицерија Port’Alba за која се смета дека е прва пицерија од затворен тип, односно пицата веќе не се продавала само на штандови по сиромашните квартови.

Port’Alba почнала со печење пица од 1783-та година, но во вистински ресторан се претвориле во 1830.

picata-hrana-za-siromasnite-3

До ден денес ја печат пицата според истиот рецепт. Наполитанците ја сметаат пицата за мошне сериозно јадење и затоа ја подготвуваат со доза почит и по строги правила.

Според некои верувања, постојат само две вистински пици. Тоа се „Маринара“ и „Маргарита“. Маринара е најстара и содржи оригано, лук, екстра маслиново масло и босилек. Името го добила по рибарите кои ја јаделе кога се враќале од риболов.

Според оригиналната рецепта, пицата мора да се пече на 485 степени целзиусови и тоа од 60 до 90 секунди!

Тестото мора да се меси рачно, без никакви помагала, само со помош на дланките и прстите. Пицата не смее да има дијаметар поголем од 35 сантиметри ниту пак да биде подебела од 3 милиметри во средината.

Иако звучи екстремно, вистинските наполитански пици се направени со овие карактеристики и се уште може да се најдат во стариот дел на Наполи. 

Би можело да ве интересира:

Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...
Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето? Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg