Уметник го прекрива стомакот на бремената партнерка со цвеќиња
Спој на природа, љубов и убавина, овие прекрасни фотографии ја прикажуваат убавината на раѓањето на новиот живот.
Магично е што во стомакот на една жена може да израсне нов човечки живот. Инспириран токму од тоа, францускиот уметник Christophe Guinet, чие уметничко име е Monsieur Plant, на својата бремена партнерка ѝ направи колекција магични фотографии ставајќи и цвеќиња на стомакот.
Тој ја именуваше серијата „LÃON“, како неговиот неодамна роден син.
„Во овој личен проект сакам да ги прикажам месеците исчекување на бебето и ставање во прв план на убавината на жената во овие магични моменти каде природата и љубовта се совршени сојузници“, изјави 39-годишниот уметник.
Шуми, планини, море се дел од пејзажите на овие прекрасни фотографии:
С. С. | Црнобело