Разгледницата која еден маж ја добил 9 месеци откако ја напуштил неговата бремена љубовница

Животот знае да ни приреди многу изненадувања. Секако, сите ние имаме некакви планови за иднината и често успеваме да ги оствариме, но неочекуваните нешта секогаш успеваат да „тропнат на нашата врата“.

razglednicata-koja-eden-maz-ja-dobil-9-meseci-otkako-ja-napushtil-negovata-bremena-ljubovnica-01.jpg

Ова посебно важи кога мислиме на љубовта која игра голема улога во нашите животи.

Еднаш, еден маж кој веќе бил во брак имал љубовница од Италија. Еден ден, таа му рекла дека е бремена.

Мажот не сакал да си ја уништи репутацијата ниту долгогодишниот брак, па ја замолил својата љубовница да се врати назад во Италија и детето да го роди во тајност.

Ѝ ветил дека парично ќе се грижи за детето, сè додека не наполни 18 години.

Жената се согласила да си замине и го прашала како да му потврди дека детето е родено.

Мажот ја замолил да му испрати разгледница со зборот „шпагети“ кога ќе се породи.

Се збогувале, а љубовницата се вратила назад во Италија.

Поминале 9 месеци...

Една вечер, кога мажот се вратил дома, наишол на неговата сопруга со широко отворени очи кои прашално гледаат право во него.

„Злато, денес добивме многу чудна разгледница“ - рекла сопругата.

„Интересно... Дај ми да ја видам“ - одговорил мажот.

Сопругата му ја донела разгледницата и ја следела неговата реакција. Човекот, најпрво прочитал неколку редови од кои неговото лице пребледело, а потоа се онесвестил.

На разгледницата пишувало: „Шпагети, шпагети, шпагети , шпагети , шпагети . Три со топчиња од месо, две без. Те молам испрати повеќе сос...“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Маки што им се познати на сите кои живееле во стан (и имале лоши соседи) Соседи кои оставаат ѓубре пред врата, влага во бањата од станот над вас – живеењ...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Забавни и значајни историски моменти (од поново време) за кои ќе зборуваме уште долго Моментот кога Јусејн Болт стана најбрзиот човек во светот, моментот кога Марија ...
Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...
Иронијата во нашето секојдневие низ илустрации – погледнете двапати ако не ги разбирате на прв погле... Апсурдни ситници од нашето секојдневие на кои не обрнуваме внимание, но се одлич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg