Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ги фрлате овие кесички? 8 корисни намени после кои ќе ги чувате како злато

Кесичките со силиконски гел кои се наоѓаат во кутиите од чевли, обично завршуваат во канта за ѓубре само затоа што веруваме дека се бескорисни, па дури и отровни.

gi-frlate-ovie-kesicki-8-nameni-posle-koi-ke-gi-cuvate-kako-zlato-001.jpg

Вистина е дека во нив не се наоѓа никаков отров, туку силициум диоксид кој не треба да се јаде, но е посебно корисен низ дома.

1. Ставете ги во торбата за вежбање

Целта на овие кесички е во тоа што ја впиваат вишокот влага. Бактериите најдобро се размножуваат во влажна средина, па затоа посебно може да ви послужат да ги намалите влагата и бактериите во ранецот за вежбање. Така и непријатниот мирис ќе исчезне.


2. Ставете ги меѓу пешкирите

Спречете го ширењето на влага и меѓу пешкирите, така што ќе поставите неколку кесички во шкафчето каде ги чувате.


3. Бричот трае подолго

Наместо да го оставате бричот да стои на влажно место, ставете го во пластична кутија и меѓу 3-4 вакви кесички со гел. Така ќе трае многу подолго.


4. Спасете го мокриот телефон

Наместо во ориз, ставете го мокриот телефон во сад со многу вакви кесички. Ефектот е многу подобар.


5. Сочувајте ги новогодишните украси

Во кутијата со лампиони задолжително ставете неколку кесички. Така украсите ќе траат подолго и ќе изгледаат како нови.


6. Одмаглете го ветробрановото стакло од автомобилот

Возачите ќе бидат пресреќни по оваа вест. Наместо да чекате вентилацијата да си ја заврши работата, во автомобилот уште денес поставете вакви кесички, веднаш под стаклото од внатрешна страна. Така најбрзо ќе го спречите замаглувањето и наутро нема да чистите 10тина минути.


7. Сочувајте ги фотографиите

Старите фотографии со тек на времето пропаѓаат, што е навистина тажно, затоа што единствено тие добро ја доловуваат носталгијата. За да не се разочарате кога ќе ја отворите кутијата со ретро фотки, уште денес поставете кесички кои ќе ја спречат влагата.


8. Спасете си ги шминките

Секоја жена во несесерот треба да има барем една ваква кесичка која ќе ги спаси прашкастите производи од згрутчување.

Би можело да ве интересира:

Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...
Уништување на папскиот прстен, таинствена конклава: Што се случува откако ќе почине папа? Папата се погребува околу четири дена по смртта, а најмногу 20 дена откако ќе по...
Фотки кои ќе ве потсетат колку е убав светот во којшто живееме (и ќе ве расположат) Дождлива ноќ во Сан Франциско, жирафи во Намибија, воз кој вози низ снег – некол...
Некогаш згодни фраери, денес проќелавени и збрчкани: Како стареат најпопуларните европски актери? Од Колин Фарел, преку Роуан Аткинсон, до Колин Фирт - како изгледаа популарните ...
10 фотки од „зад сцената“ кои овековечија интересни и значајни моменти од минатото Внатрешноста на контролната соба во нуклеарната централа во Чернобил, средбата н...
Предмети и продукти за кои вреди да дадеме повеќе пари (корисни се) Робот правосмукалката ќе ви заштеди многу време, а квалитетниот полнач за телефо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg