Пловен град со училишта, болници, паркови и аеродроми ќе патува околу светот
Бродот „Freedom“ дизајниран од компанијата „Freedom Ship International“ би требало да биде најголемиот брод во светот. Всушност, тој би претставувал своевиден пловен град кој ќе биде на 25 ката на кои ќе има болници, училишта, паркови, казина, шопинг центри и сè што е потребно во еден град кој е атрактивен за туристите.
Концептот направен од „Freedom Ship International“ би требало да чини околу 10 милијарди долари.
Според планираното, бродот би требало да има тежина од 2.7 милиони тони, 1500 метри должина и капацитет од 50.000 постојани посететили и можност за дополнителни 30.000 дневни гости или 10.000 ноќни гости за преспивање.
Според изјавата на Роџер М. Гуч, директорот и заменик претседател на „Freedom Ship International“, на компанијата ѝ се потребни уште 6 милијарди долари за да го оствари сонот.
Колку станува попопуларна идејата, толку повеќе има донатори, поради што веќе се собрани околу 1 милијарда долари за да се започне конструкцијата на овој пловен град.
Бродот би требало да го отпочнува своето патување околу светот на секои 2 години.
Погледнете ги фотографиите со планираниот проект за изградба на овој брод - град.