Наскоро остануваме без 5 омилени работи

И покрај тоа што уживаме во овие 5 омилени работи, постојат фактори кои влијаат на нивното исчезнување. Шокантни се вестите дека наскоро нема да уживаме во омилените задоволства.

naskoro-ostanuvame-bez-5-omileni-raboti-01

1. Чоколадо

Проблемот поради кој се заканува исчезнување на чоколадото е тоа што најголемиот процент какао доаѓа од Западна Африка и земји каде е сосем нормално децата да работат по 18 часа дневно и сопствениците на плантажите ги одржуваат робовските односи со работниците. Но, и покрај тоа, производството не е доволно исплатливо.

Затоа и понудата за какао се смалува од година во година. Покрај тоа некои земји се обидуваат да се изборат за правата на децата, па цените ќе бидат сè повисоки и повисоки. Според некои проценки во следните 20 години, чоколадото ќе биде нешто што ќе можат да го јадат само богатите.

naskoro-ostanuvame-bez-5-omileni-raboti-1

2. Текила

Текилата се прави од агава, растение како катус. Но, одгледувањето пченка  е многу поисплатливо од одгледувањето агава. Затоа, повеќето фармери ја одбираат пченката, а полињата со агава ги палат. Со тоа се намалува и производството на текила, но колку помалку ја има толку повеќе ѝ се зголемува цената. Текилата ќе стане вистинско течно злато.

naskoro-ostanuvame-bez-5-omileni-raboti-2

3. Хелиум

Хелиумот можеби не ни е неопходен во секојдневието, но тажно е кога ќе се помисли дека низ парковите веќе нема да ги гледаме шарените балони кои летаат во воздухот и децата кои им се радуваат. Ќе ја немаме ниту забавната игра со  вдишување малку хелиум и менување на гласот. Можеби не сте знаеле, но овој гас е многу важен за индустријата. Неопходен е за производство на LCD екрани, големи магнети, оптички влакна и уште многу работи без кои денес не можеме.

Резервите  хелиум ќе се потрошат до 2015 година и ќе мора да се вади хелиум од воздухот, што е 10.000 пати поскапо.

naskoro-ostanuvame-bez-5-omileni-raboti-3

4. Вино

Првата лекција од економијата е дека цената ја одредува понудата и побарувачката. Така, побарувачката за вино расте, но не и понудата. Минатата година понудата паднала за 5 отсто и била најниска од шеесеттите години до денес. Производството на квалитетно вино паднало за 10 отсто во Европа. А побарувачката на средната класа од Кина и Индија е сè поголема.

naskoro-ostanuvame-bez-5-omileni-raboti-4

5. Сланина

Некои можеби можат без чоколадо, балони и вино, ама не можат без сланина. Но, нејзиното исчезнување е неизбежно. Проблемот е во скапото гоење на свињите, како и вирусот PED кој ги напаѓа токму нив, а лекот сè уште не е на повидок.

naskoro-ostanuvame-bez-5-omileni-raboti-5

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg