10 предности кои ги имате кога живеете во странство...и не сакате да се вратите дома

Животот далеку од дома ве учи на многу нешта. Сепак, не е за сите. Потребно е да сте посебно силна и самоуверена личност за да се нафатите на овој чекор.

10-prednosi-koi-gi-imate-ako-ziveete-vo-stranstvo-01

Кога некој ќе ви каже дека оние кои си ја пробуваат среќата во странство или бегаат од нешто или трчаат кон нешто, сигурно ви се чини смешно и бесмислено.

Но, кога ќе размислите, ќе разберете дека понекогаш е попаметно да започнете да трчате кон нешто, најбрзо што можете. Без враќање назад!

1. Слобода. Кога живеете далеку и сами добивате потполно нова дефиниција за поимот слобода. Слобода да одите каде и да посакате. Слобода да патувате. Слобода да ги правите личните избори кои ги посакувате. Слобода да бидете она што сте!

2. Не го гледате животот како ве одминува. Знаете дека сте преземале иницијатива и не чекате покрај вас да минуваат месеци, години, родендени, свадби, смртни случаи...

3. Математичките вештини ви се секогаш на високо ниво. Со самото тоа што секој пат ја пресметувате странската валута во денари, вашиот мозок работи на начин подобар од сите светски признаени конвертори.

4. Комуникација. Одговорите на било кој јазик кој не ви е мајчин се ценат двојно повеќе.

5. Приказни. Случките и доживувањата кои ќе имате можност да ги прераскажувате повторно и повторно се одличен начин да создадете нови и забавни пријатели. Нови аеродроми, трговски центри, кафулиња, ресторани...

10-prednosi-koi-gi-imate-ako-ziveete-vo-stranstvo-02

6. Конечно сфативте зошто ги славевте сите празници. Носталгијата кон своето семејство си го прави своето, но е во ваша корист.

7 .Созревање. Колку пати и да не сте го признале ова, секој пат сè повеќе созревате. Учите како да се спакувате без да заборавите нешто, учите како да запознаете нови луѓе, да се снајдете и да преживеете.

8. Адреналин. Банџи скокачите и велосипедите кои возат по екстремни патеки повеќе не ви се чинат толку храбри. Ништо не е толку храбро, колку да се преселите некаде далеку. Некаде каде што немате никој. Некаде каде што сте опкружени со непознатото. Некаде каде секојдневно доживувате адреналински притисок.

9.Трпение. Учите да ги разбирате работите. Нарачувањето на храна, чекањето на превоз, начинот на кој се разбирате со оние кои не го знаат вашиот јазик зема време и трпение. Сега патот до дома трае цел час, наместо 10 минути, но барем доаѓа со бесплатна лекција.

10. Ја учите силата на првото „Здраво!” и последното „Збогум!” Малкумина знаат како да го поднесат тоа, но вие го усовршивте! Тоа е најтешкиот, но најисплатливиот дел од целото искуство.

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg