Брз чоколаден колач во чаша

Овој колач се прави многу брзо, за неполни 10 минути а може и помалку. Потребна ви е голема шолја за чај и сами смислете го вкусот на вашето колаче.

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-01

Можеби токму тоа е одличната карактеристика на овој колач –сами го обликувате и ги менувате состојките според вашиот вкус. Како додаток може да искористите чоколадни трошки, чоколаден крем, ситно сечкано овошје или шлаг.

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 1 лажица како во прав
  • 3 лажици брашно
  • Четвртина лажичка прашок за печиво
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици млеко
  • 2 лажици масло


Дополнителни состојки:

  • Кокосово брашно
  • Пире од банана
  • Нутела
  • Лешници, ореви, бадеми
  • Сечкана чоколада
  • Овошје по ваш избор


Подготовка:

Земете голема шолја и во неа истурете го јајцето, млекото и маслото. Потоа додавајте ги останатите состојки во прав, односно брашното, шеќерот, прашокот за печиво и какаото. Добро промешајте.

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-1

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-2

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-3

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-4

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-5

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-6

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-7

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-8

По желба во смесата може да додадете топено чоколадо, чоколаден прелив или чоколадни трошки.

Печете во затоплена рерна од 3 до 5 минути или микробранова исто толку време. По сопствен вкус и желба откако колачот ќе биде готов може да го украсувате со сè што ќе посакате.

brz-cokoladen-kolac-vo-casa-9

Уживајте во брзиот и вкусен десерт!

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg